Градежниот работник Симон Попоски кој живее во Австралија, секоја година испраќа пакети за децата од СОС Детско село

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2023
Човекот се познава каков е, кога е најпотребно. Во најтешките мигови да ја покаже целата убавина на душата, да биде хуманист на дело, да е пријател кој подава рака и да биде столб во тешките ситуации. Еден од нив е Симон Попоски (50) кој 17 години живее во Мелбурн, Австралија.
- Струга ја напуштив во 2006 година, бидејќи се оженив за Македонка, која живееше таму од дете. Во почеткот ми беше тешко, бидејќи се соочив со нова средина, различен пристап кон многу нешта, нови луѓе, нов живот. Постепено се навикнував, а најмногу во тоа ми помогна љубовта од мојата сопруга- вели Симон кој по професија е хемиски техничар, а неговата сопруга работи како смтководител. Татко е на син и ќерка.
- Работам во градежна фирма на Багер машина. Задоволен сум од примањата кои се доволни за нормален живот. Меѓу мене и газдите постои взаемна почит. Никогаш не сум тежнеел кон луксуз. И додека живеев во Струга имав нормален живот – посочува Попоски.
Тој е потврда дека не постои правило кога е во прашање хуманоста. Не е пресудна "длабочината на новчаникот“ туку „длабочината на душата“ која не е поврзана со материјалниот статус, туку си искрената намера.
- Никогаш не сум бил дел од некоја хуманитарна акција. Секогаш сам сум преземал иницијатива и сум помагал колку што можам и додека живеев во Македонија. Кога се преселив во Австралија не заборавив на хуманоста. Решив секоја година да праќам пакети со нова облека и други нешта, на децата од СОС Детско село во Скопје. За тоа е заслужен Владо Караев.Голема поддршка имам и од сопругата. Заедно ги купуваме работите што ги испраќаме. Во пакувањето ни помагаат и децата. На тој начин им ја всадувам хуманоста.
Целиот текст на Женски магазин* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
СЕ ОГЛАСИ ПЕСКОВ ЗА БУГАРСКИОТ ПОТЕГ: „Тоа е апсурден и глупав став“

МАКЕДОНИЈА СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА НАТО БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЗРЕЛИ ПОЛИТИКИ И МУДРИ ЛИДЕРСКИ ОДЛУКИ: Еве што се зборуваше на средбата меѓу Ковачевски и О’Брајан

„ОПАСНА ГЛУПОСТ НА НЕКОЈ ШЕГАЏИЈА ВО СТРУКТУРИТЕ НА МОЌ “ - Захарова вака ја коментира забраната рускиот авион да прелета преку бугарскиот воздушен простор

ЦРВЕН ТЕПИХ ПРЕД „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“: Еве како Османи ги пречекува гостите

ФАТАЛЕН ПОЖАР СО ЖРТВА, ЗАПАЛЕНИ ВОЗИЛА, ОПАСНИ ШТЕТИ ОД СИЛЕН ВЕТЕР, ПОПЛАВЕНИ ПРОСТОРИИ...Еве што регистрирал телефеонот на ЦУК

БУГАРИЈА НЕМАЛА БИЛАТЕРАЛЕН ПРОБЛЕМ СО МАКЕДОНИЈА: Требале да се исполнат европските вредности

БУГАРИЈА СЕПАК НЕ ГО ПУШТИ АВИОНОТ НА ЛАВРОВ: Причината е Захарова

ДЕЦАТА ТРЕБА ДА СЕ УЧАТ НА САМОСТОЈНОСТ: Каде грешат родителите?
