29 Септември, 2024
0.0264

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТЕФКОВСКИ И МВР ВО КЛИНЧ: Фрчат обвинувања и деманти

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Откако се докажуваа со градоначалничката на град Скопје за сообраќајниот метеж во градот, сега Министерството за внатрешни работи беше посчено како виновно и од градоначалникот на опшптина Гази Баба, Бобан Стефковски. Тој попладнево го обвини МВР дека не сака решавање на проблемот со незаконските продавачи паркирани на улица Маџари, пред пазарот во Ченто. МВР на тоа одговори со демант.

„Имајќи ги предвид големиот број на реакции од граѓаните по однос на состојбата со незаконски паркирани возила на улица Маџари, пред пазарот во Ченто кои вршат на диво продажба на земјоделски производи, на 07.12.2021 година одржав состанок со администрацијата на која дадов насоки за организирање на заедничка акција со повеќе државни институции за спроведување на Законот и ставање ред во сообраќајот.

Заедничката акција беше закажана за денес, 13.12.2021 година во 10 часот...

И покрај директната опструкција на закажаната акција, од страна на Државниот пазарен инспекторат и Сообраќајната полиција, инспекциските служби на општина Гази Баба, со асистенција од полициската станица од општа надлежност Гази Баба (која се грижела за безбедноста на инспекторите), денес излегоа на терен при што се напишани казни, согласно Законот за јавна чистота. Опструкциите од државните институции нема да не поколебаат во остварувањето на нашата цел и барањето на граѓаните за ставање ред околу пазарот во Ченто. На увид на граѓаните и јавноста ги ставам дописите кои се доставени до државните институции кои денес не излегоа да ги исполнат своите законски надлежности, пишува Стефковски.


Од МВР велат дека тоа не е точно.

Тој во својата Фејсбук објава наведува дека СВР Скопје не испратил полициски службеници да учествуваат во закажана акција за решавање на проблемот со незаконски продавачи паркирани на улица Маџари. Имено и самиот Стефковски себеси се демантира во истиот Фејсбук статус откако прво вели дека не била упатена сообраќајна полиција, но биле упатени полициски службеници од ПСОН Гази Баба.

Полициски службеници биле упатени, односно било постапено по барањето на општината, а полициските службеници од ПСОН Гази Баба имаат исти надлежности како сообраќајната полиција и тие ја завршиле својата задача.

Апелираме до градоначалникот Стефковски да не шири дезинформации и да не ја доведува во заблуда јавноста, како и да не ја користи институцијата за партиска пропаганда. МВР редовно и професионално ги извршува работните задачи, за сите граѓани подеднакво, велат од МВР.



Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“