06 Декември, 2025
0.0349

Градот Скопје и Општина Центар во кавга кој треба да ги обесштети граѓаните за поплавите

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2014 13:05

Добивај вести на Viber

Околу два милиони денари се потребни за обесштетување на граѓаните во Општина Центар за штетите настанати во поплавите и обилните врнежи кои ја зафатија оваа општина на 25 мај, пресмета општината. Се работи за 37 објекти каде што комисијата за проценка на штети формирана од општина Центар ја утврди фактичката состојба ја констатираше штетата настаната од поплавите. Од оваа општина велат дека најпрвин за надомест на штетата се обратиле во Град Скопје, но од таму одбиле финансиски да помогнат и ги препратиле на адреса на Владата на Република Македонија. „Општина Центар го достави извештајот на комисијата и до министерството за финансии и до Владата на РМ и известува дека е направена штета од невремето и бара уплата на 1.970.000 денари на сметката на општина Центар за да може на граѓаните да им се надомести штетата. Доколку и Владата не покаже слух за ургентните потреби на граѓаните, тогаш општина Центар ќе им излезе во пресрет на жителите погодени од поплавите на Центар со средства од сопствениот буџет“, стои во соопштението на Центар. Веднаш реагираа од Градот Скопје, од каде велат дека, за нив ваквата реакција на општинската администрација во Центар е несфатлива. „Градот Скопје информира дека во рамките на своите законски надлежности нема можност да обештетува при настанати вакви состојби. Нас не ни е јасно од кои причини Општина Центар, во ова нејасно и конфузно соопштение, се повикуваат на Град Скопје како институција. Градот Скопје не се оградува од никаква одговорност и апелира Општина Центар да се однесува согласно законските прописи, како и дадените насоки од Владата на Република Македонија“, стои во соопштението од градските власти. Во него се потенцира дека Градот Скопје, веднаш по настанувањето на поплавите, ги презел сите мерки во сопствена надлежност - ги мобилизираше екипите на сите јавни претпријатија и Противпожарната бригада на Град Скопје и тие веднаш интервенираа на сите кризни точки.      

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија