04 Јули, 2024
0.0314

Градот Скопје ќе се задолжи со близу 4,9 милиони евра за подземната сообраќајница

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Градот Скопје ќе се задолжи со близу 4,9 милиони евра преку издавање на обврзници на домашниот пазар. Како што образложуваат од Градот, задолжувањето е заради обезбедување на средства за финансирање на проекти и инвестиции од значење за градот. Предлог Одлуката е поднесена од градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, а советниците за предлогот ќе расправаат на закажаната седница на 21-ви овој месец. Во образложението од Градот стои дека задолжувањето се врши по претходна согласност на Министерството за финансии. Средствата од емисијата на обврзници, како вид на хартии од вредност, ќе бидат наменети за финансирање на Проектот за изградба на подземна сообраќајница која што ќе ги поврзува Булевар“Кузман Јосифовски - Питу“ со Булевар“Илинден“ и Булевар“Партизански одреди“. Овој проект е од суштинско значење за решавање на сообраќајниот метеж во градот. Подземната сообраќајница директно ќе ги поврзува овие булевари и со изградбата на истата ќе се овозможи директна врска помеѓу источниот и западниот дел од градот. Со тоа ќе се растерети сообраќајот во малиот и големиот ринг бидејќи за патување од источниот во западниот дел на Градот, возачите нема да бидат принудени да ги користат улиците во малиот и големиот ринг, ќе се намали времето на патување од источниот до западниот дел на градот, ќе се зголеми брзината на патување од источниот до западниот дел од градот, стои во образложението од Градот Скопје. Тунелот ќе биде во должина од 1150 метри и профил од 21 метри. Предвидено е да биде опремен со систем за детекција на инциденти, систем за детекција на пожар, систем за видео надзор, комуникациски систем за корисниците и итните служби, С.О.С. станици, систем за вентилација, знаци со променлива содржина и бариери, а ќе биде управуван од контролен центар, Според планот, изградбата на подземната сообраќајница треба да почне оваа година. На јавниот оглас кој го лани го распиша Градот Скопје се јавија четири фирми кои сакаат да ја градат подземната сообраќајница од Комплексот банки, покрај Кејот, до мостот Гоце Делчев. На огласот, стигнаа понуди од домашни и од странски фирми. Најниска понуда даде македонско-италијански конзорциум, кој за изградбата понуди 57 милиони евра. Веднаш зад него е понудата на украинска фирма од 61 милиони евра, додека македонските фирми "Бетон"" доставиле заедничка понуда од 76 милиони евра. Највисока е понудата од португалско-бугарски конзорциум, 92 милиона евра. Од Градот по завршувањето на огласот изјавија дека понудите не се конечни, и дека цената може да се намали. Сеуште се разгледуваат понудите, односно се проценува дали фирмите ги исполнуваат тендерските услови. Компаниите кои ќе ја поминат оваа фаза, потоа ќе учествуваат на електронското јавно наддавање, на кое тој што ќе понуди најниска цена, ќе го добие тендерот и ќе ја гради подземната сообраќајница. Отворањето на понудите ќе биде следната недела. Парите за изградбата се обезбедени од Владата и Градот Скопје. Со Буџетот на Град Скопје за 2014 година за изградба на подземната сообраќајница се предвидени 480.804 евра од градската каса, 975.609 евра од кредити и исто толку од дотации од Владата.   Ј.С    

Можеби ќе ве интересира

„ДА, БУГАРИЈА ГИ ТЕПАШЕ СВОИТЕ ГРАЃАНИ СО МАКЕДОНСКА САМОСВЕСТ“: Македонците во Бугарија го кренаа гласот против Радев

„ДА, БУГАРИЈА ГИ ТЕПАШЕ СВОИТЕ ГРАЃАНИ СО МАКЕДОНСКА САМОСВЕСТ“: Македонците во Бугарија го кренаа гласот против Радев

ГРУБИ ЌЕ ПРЕДАВА НОВИНАРСТВО, ОСМАНИ СЕ ВРАЌА НА ДИГЕСТИВНА, ГРКОВСКА ВО МВР, МАРИЧИЌ БАРА АПАНАЖА: Еве што што ќе работат екс министрите

ГРУБИ ЌЕ ПРЕДАВА НОВИНАРСТВО, ОСМАНИ СЕ ВРАЌА НА ДИГЕСТИВНА, ГРКОВСКА ВО МВР, МАРИЧИЌ БАРА АПАНАЖА: Еве што што ќе работат екс министрите

ЧЕСТО СЕ ЈАВУВА КАЈ ЖЕНИТЕ И МНОГУ РЕТКО КАЈ МАЖИТЕ: Што се крие зад опсесивното купување?

ЧЕСТО СЕ ЈАВУВА КАЈ ЖЕНИТЕ И МНОГУ РЕТКО КАЈ МАЖИТЕ: Што се крие зад опсесивното купување?

ФИЛИПЧЕ СООПШТИ КОЈ Е ПРВИОТ ФОКУС НА СДСМ ПО НЕГОВИОТ ИЗБОР: Ќе се враќа довербата на граѓаните

ФИЛИПЧЕ СООПШТИ КОЈ Е ПРВИОТ ФОКУС НА СДСМ ПО НЕГОВИОТ ИЗБОР: Ќе се враќа довербата на граѓаните

ТОШКОВСКИ КАЖА КАКО ЌЕ ФУНКЦИОНИРААТ КАМЕРИТЕ: Ќе се казнува сопственикот на возилото, а соопшти и каде прво ќе почне проектот „Безбеден град“

ТОШКОВСКИ КАЖА КАКО ЌЕ ФУНКЦИОНИРААТ КАМЕРИТЕ: Ќе се казнува сопственикот на возилото, а соопшти и каде прво ќе почне проектот „Безбеден град“

КАКОВ ЌЕ БИДЕ ОДНОСОТ НА БУГАРСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА СО МАКЕДОНСКАТА ПО ИЗБОРОТ НА НОВ БУГАРСКИ ПАТРИЈАРХ: Еве што велат аналитичарите

КАКОВ ЌЕ БИДЕ ОДНОСОТ НА БУГАРСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА СО МАКЕДОНСКАТА ПО ИЗБОРОТ НА НОВ БУГАРСКИ ПАТРИЈАРХ: Еве што велат аналитичарите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони