05 Декември, 2025
0.1020

Градот во кој ќе се игра финалето на СП 2022 се уште не постои!

Објавено во: Анализа 12 Октомври, 2013 09:35

Добивај вести на Viber

Полни девет години има до одигрувањето на СП во фудбал Катар. Сепак, ова првенство уште отсега го носи приматот на најконтраверзно. Огромен број на скандали, дел потврдени, дел шпекулативни го следат незапочнаиот светски куп. Многумина зборуваат дека исполнети се сите услови ова да биде најкатастрофалниот светски шампионат. Еве зошто: Гардијан пишува дека луѓето кои работат во Катар се модерни робови. За ова додуша во друг контекст, пишуваа и нашите медиуми. Луѓето ги оставаат пасошите кај нивните работодавци и немаат можност кога сакаат да престанат да работат. И она што е најстрашно само во еден месец, од јуни до август загинале 44 работници само од Непал. Работници кои извршуваат градежни работи. Температурата е скоро 50 степени во лето. Иако на почетокот се зборуваше дека ќе се градат климатизирани стадиони, се погласни се шпекулациите дека вакво нешто е невозможно да се направи. Почнуваат нови шпекулации дека првенството може да се игра во зима Таквата ситуација ќе направи масакр во распоредот на голем број на лиги посебно на онаа најатрактивната, Премиер лигата. Се чини дека ФИФА ќе треба да плаќа огромни пари наместо да зема, како што тоа досега го прави. На пример ФОКС телевизијата во САД за наредните две светски првенства има платено огромни 425 милиони долари, но само под услов мечевите да се играат во лето. Американците само тогаш би гледале фудбал, а во зима термините ќе се спојат со НФЛ лигата нешто што во никој случај не може да се спореди по гледаност со фудбалот. Тогаш никој не би гледал фудбал на Фокс Не може да се запрат гласините дека големото мито било причина СП да го добие Катар. Еден англиски лорд излезе со обвинување дека одредени преставници  на федерации барале да бидат прогласени за витези во Англија и земјата да спонзорира разни програми во некои други земји. Англија која беше еден од кандидатите не се согласила и според лордот Катарците биле очигледно подарежливи Уште немаат ни еден стадион. Додуша како работат веројатно и ќе ги изградат, но сепак досега ни едно СП не се одржало на место кое има нулта инфраструктура Катар нема направено буквално ништо до сега. Верувале или не сеуште не постои. Проценките се дека Катар ќе потроши досега незабележани 220 милијарди долари за одржување на првенството. Тоа е убедливо најголемата сума на пари која ќе биде потрошена за еден спортски настан. Јужна Африка потроши 3,5. На стадионите веројатно нема да се продава пиво. Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени