Градскиот буџет не ги издржа катните гаражи, се најавува ребаланс и нови задолжувања!
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2013 08:16
Ребаланост како што коментираат за Фактор дел од советниците, бил неопходен бидејќи извршувањето на буџетот не одело според планираната динамика, а исто така имало потешкотии во прибарањето на приходи.
И во образложението на Градот стои дека има намалување на приходите во градската каса особено во основниот буџет, поради што се предлага и соодветно намалување на приходите. За 14 проценти има намалување на приходите од наплата на даноци, како што е данокот за надоместок на градежно земјиште. Минимално намалување има и кај буџетот, сепак Градот планира да ги зголеми приходите од домашните задолжувања со образложение дека таквото задолжување се врши поради повлекувањето на средствата од склучениот договор за заем за изградба на катните гаражи, согласно динамиката на изградба на гаражите.
Според предложениот ребаланс, во основниот буџет на Град Скопје за 2013 година се предлага намалување во износ од 12.2 милиони евра, односно за 20 проценти. Така во тековно-оперативните потпрограми во рамки на основниот буџет се планирани намалувања на парите во ставките за градската администрација, уредување на градежно земјиште, јавен градски превоз, јавно осветлување, социјална заштита и друго. Додека зголемување е планирано за одржување и користење на паркови и зеленило, културни манифестации, меѓународна соработка.
Во однос на капиталните потпрограми во основниот буџет, кај дел од ставките предидено е намалување, а кај дел зголемување на расходите. Од Градот оразложуваат дека Предложените намалувања се вршат според проценките за реализација на проектите и согласно условите и роковите во склучените договори, а земајќи го во предвид и принципот на парично прикажување на извршувањето на расходите во буџетот. Градските власти уверуваат дека предложеното намалување, не значи и забавена реализација на проектите предвидени за оваа година, чија реализација е во тек. Еве дел од измените:
Измени ќе претрпи и планот на Програми за развој за периодот 2013-2015 година.
Со предвидениот ребаланс во оваа програма се намалуваат капиталните трошоци на општината. Така годинава предвидените 2,5 милиони евра за оваа намена ќе се намалат на околу 2,2 милиони евра. Во оваа стаква спаѓа изградбата на Градската куќа и како набавка на комјутерски софтвер. Во образложението на градот стои дека до крајот на 2013 година на изгадбата на градската куќа ќе се работи со намалено темпо.
Намалувања исто така се предвидени кај средствата за уредување на градежно земјиште, проекти за енергетска ефикасност, изградба на јавно осветлување, изградба на магистрални и собирни улици, изградба на системи за водоснабдување и други проекти. Повеќе пари единствено се планирани за изградба на комерцијални објекти поточно катни гаражи, за што од градот образложуваат дека се работи за проект со кој ќе се зголеми бројот на паркинг места а ќе се намали бројот на паркирани возила по тротоарите и улиците во централното.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





