ГРАФИКА: 20 најбрзо растечки економии во 2015 година
Објавено во: Анализа 27 Февруари, 2015 10:46
Кина останува земјата од Г-20 со највисок раст, иако азиската економија веќе не се проширува со темпото од пред неколку години. Кинеската економија порасна со 7,3% во последниот квартал на 2014 година во однос на претходната година и се очекува да се забави до 7% во 2015 година.
За да запре ова доцнење, Централната банка на Кина ги зголемува паричните стимулации. Банката ја намали основната каматна стапка во ноември за прв пат од 2012 година. Овој месец банкарите ги намалија со 0,50 процентни поени минималните задолжителни резерви на банките, како дел од депозитите.
Нигерија е најголемата економија во Африка и се очекува да забележи раст од 4,9% оваа година. Економијата на Кенија најверојатно ќе се зголеми со 6% во 2015 година, иако невработеноста и нивото на сиромаштија останува на повисоки нивоа. Над 40% од Кенијците живеат под прагот на сиромаштијата.
Прогнозата за растот на САД за оваа година гравитира околу 3%, иако доларот достигна највисоко ниво за повеќе од десет години. Со обновувањето на растот Федералните резерви на САД размислува дали да не се подигне основната каматна стапка за прв пат од 2006 година. Од декември 2008 година таа стои на вредност блиска до нула.
K.K.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





