ГРАФИКА: Државите со најголем број интернет корисници!
Објавено во: Анализа 02 Јуни, 2015 08:26
Бројот на интернет корисниците е зголемен за 10 пати за периодот меѓу 1999 и 2013 година. Првиот милијардити корисник е достигнат во 2005 година, вториот - во 2010 година, а третиот - само 4 години подоцна.
Во 2014 година речиси 75% (2,1 милијарди лица) од сите интернет корисници во светот живееле во првите 20 земји во рангирањето со најголема интернет потрошувачка. Останатите 25% (0,7 милијарди лица) се распределени меѓу останале 178 држави, а секоја од нив претставува помалку од 1% од сите корисници.
Кон 01 јули 2013 година речиси половина од светската интернет потрошувачка доаѓа од Азија - 48,4%. Кина, државата со најмногу корисници (642 милиони луѓе во 2014 година), претставува речиси 22% од целиот обем на потрошувачка и има повеќе корисници од следните три земји заедно - САД, Индија и Јапонија. Меѓу останатите 20 земји на чело во рангирањето Индија е државата со најниска покриеност - само 19%, но и со највисоко годишно темпо на раст. Со спротивен тренд се САД, Германија, Франција, Велика Британија и Канада, каде што над 80% од населението има интернет конекција (дома преку компјутер или мобилен уред).
Во Европа лидери се Шведска и Исланд, каде интернет корисниците се соодветно 89,1% и 96,5% од населението.
K.K.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





