19 Декември, 2025
0.0408

ГРАФИКА: Кој ќе плаќа најмногу за Грција!?

Објавено во: Балкан 16 Јули, 2015 08:33

Добивај вести на Viber

Најмногу за новото спасение на Грција ќе платат граѓаните на Луксембург. Тоа го покажуваат пресметките на германското списание FOCUS, кое ги зема предвид при пресметувањето неисплатените суми од досегашниот пакет и новиот спасувачки пакет. Досега Грција добиваше билатерални кредити и поддршка од спасувачкиот фонд EFSF. Во оваа помош не учествуваа сите земји од еврозоната, бидејќи во тоа време некои од нив, како што се Ирска, исто имале потреба од финансиска помош. Новиот трет пакет е во износ од околу 86 милијарди евра и треба да биде финансиран од подоцна основаниот ESM. За разлика од EFSF бројот на членовите на ESM е поголем. Во него пример влегуваат и Балтичките земји (Естонија, Литванија, Латвија). Според FOCUS граѓаните на Луксембург ќе платат по 1260 евра по глава на жител. На второ место доаѓаат Холанѓаните со 964 евра, а на трето Германците со 956 евра по лице. Најмалку се паѓа на Литванците - 113 евра, на Кипарците 122 евра и Латвијците со 125 евра. Потсетуваме дека по 17-часовни тешки преговори, прекинати од кратки преговори во помал круг (Ангела Меркел, Франсоа Оланд, Доналд Туск и Алексис Ципрас) во раните утрински часови во понеделник Грција и западните кредитори стигнаа засега до излез во ќорсокакот со преговорите . Во замена за краткорочни мерки доверителите се согласуваат да ги продолжат разговорите за трета спасувачка програма за Грција. Погледнете ја целосната табела: dolg Обработка: К.К. Извор: FOCUS

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен