05 Декември, 2025
0.0338

ГРАФИКА: Кој плаќа највисок данок на доход

Објавено во: Анализа 27 Март, 2015 08:30

Добивај вести на Viber

Едвај да има човек во светот, кој плаќа даноци со задоволство. Заработените со работа од нас пари се земени од група луѓе, за да ги распределуваат за јавното добро. Понекогаш со даноците се прават убави нешта - државни патишта, болници, училишта, но исто толку често овие даноци одат за издршка на банкротираните сектори или за оштетени луѓе. Често дел од заработените со пот наши пари се буквално украдени од некој политичар или функционер, одговорен за нивна фер редистрибуција.

И ако даноците се како смртта - неизбежни, тие во различни земји се плаќаат различно ниво. Кога станува збор за данок на доход, тој значително варира меѓу различните земји и во многу случаи зависи од приходите, семејниот статус и мноштво други фактори.

Кои земји ги тераат своите вработени да плаќаат највисок данок на доход? Според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), еден осамен работник, со просечна плата, без деца, ќе мора да плаќаат највисок данок во Белгија - 42,8% од своите приходи.

По Белгија следат други земји со високо развиени социјални држави - Германија со 39,9% и Данска со 38,9%. Изненадувачки, на четвртото место е Унгарија, со 35%. Сериозен фактор за нејзината позиција се високите ергенски даноци, кои владата на Виктор Орбан ги наметна како мерка за борба со нискиот наталитет.

Графиконот покажува во кои земји се плаќаат највисоки даноци од вработени без деца:

danok na dohod

К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени