29 Септември, 2024
0.0236

ГРАФИКА: Кој во ЕУ подржува договор за трговија со САД?

Објавено во: Анализа 04 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

На 2 февруари американски и европски политичари се сретнаа во Брисел, за да го одржат следниот круг преговори за создавање на договор за слободна трговија меѓу Европската унија (ЕУ) и САД. Предложениот договор за трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции (TTIP) цели да се елиминира голем дел од царините, кои го попречуваат движењето на стоки и услуги преку Атлантикот, да се намали регулаторната бариера при трансатлантската трговија и да се подигнат прекуграничните инвестиции меѓу САД и ЕУ, пишува Pew Research. Самата идеја за таков договор роди критика како во ЕУ, така и во САД. Противниците велат дека TTIP може да даде премногу голема власт на корпорациите и најчесто на странските инвеститори. Има загриженост дека тоа може да ги поткопа стандардите за безбедност на храната и еколошките стандарди, да ги намали хемиските регулативи во САД и да ги принуди Европејците да консумираат генетски модифицирани-американска храна и хлорирани кокошки. Општо земено неодамнешните пручувања во САД и 28-те земји од ЕУ покажуваат дека има масовна поддршка за посериозни трансатлантски трговски и инвестициски односи во повеќето земји од ЕУ, како и меѓу луѓето кои го претставуваат поголемиот дел од европското население, економија и извоз за САД. Повеќе од половина (53%) од Американците веруваат дека во-длабочината на комерцијални и деловни врски со ЕУ ќе се добра работа за нивната земја, покажува истражувањето од март 2014 година на Pew Research Center. Истражување од есента 2014 година на Eurobarometer спроведено од TNS по барање на Европската комисија, покажува дека мнозинството од Европејците го поддржуваат Договорот за слободна трговија и инвестиции меѓу ЕУ и САД. Една четвртина се противат на таквиот договор. Поддршка за таков договор има кај половина или повеќе од населението во 25 земји-членки на ЕУ. Трите земји во кои договорот има ниска поддршка се Австрија (39% се за 53%против ), Германија (39% наспроти 41%) и Луксембург (40% наспроти 43%). Постојат осум земји со многу силна поддршка, во која повеќе од 70% се за трансатланското договор за слободна трговија. Тие се Холандија (74%), Полска (73%), Данска (71%) и Ирска (71%). Нешто повеќе, има мнозинство на поддршка во земји кои заедно се одговорни за 69% од населението на ЕУ, 61% од бруто домашниот производ на Унијата и 59% од трговскиот извоз за САД. Сериозната поддршка не значи дека пред TTIP нема да има проблеми од двете страни на Атлантикот. Студија од пролетта на 2014 година на Pew Research покажа дека мнозинството од Италијанците (59%) и Французите (49%) сметаат дека трговијата уништува работни места. 52% од Италијанците, 49% од Грците и 47% од Французите сметаат дека таа ги намалува платите. Исто така 50% од Американците имаат грижи за загубата на работни места, а 45% се загрижени дека трговијата ги поткопува платите. download (1) Графиконот ja покажува поддршката за TTIP во земјите од ЕУ. Кипар не е прикажан, но во него поддршката е 59%. К.К.