05 Декември, 2025
0.0346

ГРАФИКА: Најголемите увозници на оружјето од иднината

Објавено во: Анализа 21 Март, 2015 08:25

Добивај вести на Viber

Иако бизнисот со беспилотни авиони е во подем, тој сеуште претставува само 0,3% од светската трговија со оружје. Помеѓу 2010 година и 2014 година 35 различни земји низ целиот свет увезле слични системи, со што вкупниот број на испораките на беспилотни дронови достигнува 439. Сепак, само 11 од нив биле вооружени. Тие биле извезени од САД и Кина - САД имаат донесено шест MQ-9 Reapers за Велика Британија за употреба во Авганистан, додека Кина ги извезе останатите пет во Нигерија, за да ги интензивира напорите на земјата во борбата при судирите со Боко Харам. Се очекува на пазарот за вооружени беспилотни дронови да се зголеми откако САД неодамна најавија дека ќе започнат да ги продаваат вооружените дронови Predator и Reaper за пријателски и сојузнички држави. Пред тоа, Велика Британија беше единствената земја на која и беше дозволено да купува американски беспилотни авиони со оружје, а во последните пет години таа стана најголемиот увозник на беспилотни дронови во светот. Велика Британија учествува со 34 отсто од увозот на беспилотни летала помеѓу 2010 година и 2014 година. Во прилог на овие шест вооружени летала Reapers Велика Британија исто така внела 55 беспилотни дрони од Израел. Од 1985 година Израел ги извезол поголемиот дел од беспилотни авиони во светот, околу 60,7% од вкупниот извоз во целиот свет, надминувајќи ги САД, кои имаат учество со 23,9% од пазарот. Во однос на увозниците Индија го зазема второто место по Велика Британија, со увоз на 13,2% од дроновите помеѓу 2010 година и 2014 година. dronovi   K.K.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени