29 Септември, 2024
0.0312

ГРАФИКА: Пазарите кои најмногу ветуваат

Објавено во: Анализа 31 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

САД е најдобра земја за водење бизнис во 2015 година, покажаа резултатите од годишното истражување меѓу светските извршни директори, подготвено од„ PricewaterhouseCoopers“ (PwC).

1 300 извршни директори од 77 држави учествуваа во истражувањето, иако тие не можеле да гласаат за земјата во која се базирани.

Сослушани се од PwC за најважните бизнис пазари во следните 12 месеци. Во последните години Кина го држеше врвот, но забавеното темпо на економскиот раст ја зголеми загриженоста на пазарот. Темпото на раст падна на 24-годишен минимум за 2014 година, а цените во секторот за недвижности се намалија.

САД се најдоа на првото место за прв пат. Тоа се случи благодарение на подобрувањето на економијата, што беше испровоцирано од револуцијата со шкрилци и повисоките кориснички трошоци. Иако 38% од извршни директори се оптимисти за шансите за својот бизнис во САД, Кина се уште е важна.

34% од раководителите на компаниите сеуште веруваат дека Кина на пазарот е со најголеми можности оваа година. Општо земено развиените пазари привлекуваат мнозинството од оптимизмот во 2015 година, Велика Британија е во рангирањето е пред Бразил, а Јапонија е по ветувачка од Русија, која доживува се посилна криза.

Картата ги покажува светските пазари со најдобри изгледи за развој на бизнисот во 2015 година според очекувањата на извршни директори:

download

K.K.