29 Септември, 2024
0.0277

ГРАФИКА: Погледнете која е најголемата етничка група кај нас и во Европа

Објавено во: Анализа 18 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Еве една интересна карта која го покажува знамето на втората по големина националност во секоја европска држава според земјата на раѓање. Па таа може да вклучува како граѓани на соодветната држава, така и луѓе кои се преселиле привремено во потрага по работа. karta malcinstva Картата открива многу изненадувања, како на пример: - Ирска веќе не е земја со најмногу граѓани во Велика Британија. Од 2011 година Ирците се намалија до 4-то место, зад Индија, Полска и Пакистан. - Ниту Чешка, ниту Словачка се второто по големина малцинство во другата земја, иако и двете се наследници на заедничката земја Чехословачка, која се раздели по мирен пат во 1993 година - Иако се составени главно од етнички Албанци, ниту Косово ја формира втората по големина етничка група во Албанија, ниту обратно. - Полјаците се втората по големина група во Ирска, Исланд, Норвешка и Литванија. - Турците се втората најголема група не само во Германија, туку исто така и во Холандија, Данска, Австрија и Бугарија. - Иако едвај можете да го видите на мапата, родените во Португалија жители се втората најголема група во Луксембург, а Бразилците се втората по големина група во Португалија. - Последиците од поранешниот СССР се уште можат да бидат јасно видени. Русите се втората најголема група во Естонија, Латвија, Белорусија и Украина. Во самата Русија Украинците се втората најголема група. - Исто така и Србите се втората по големина група во 4 од 7-те поранешни земји од Југославија (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора). Унгарците се втората најголема група во Србија. - Втората најголема група во Шпанија, Италија и Унгарија се Романците. Авторот на картичката решил да го вклучи Курдистан како одделна земја, иако официјално нема таква држава. Тој вели: "Имав дилема со Турција, бидејќи иако Курдистан не е држава, Курдите (кои не се сметаат себеси за Турци) се втората најголема група со сериозна разлика и би било погрешно да се тврди друго". Велика Британија се смета како единствена земја. Ниту една од четирите земји во него - Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска, не се смета за суверена држава и затоа не е земена одделно. К.К.