29 Септември, 2024
1.7604

ГРАФИКА: Професии кои исчезнуваат

Објавено во: Анализа 05 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Пред 70 години постоеле голем број на професии, кои денес се заменети со машини. Дали ќе станува збор за телефонистите кои на рака поврзуваат две лица, или момците за редење кегли на рака, или пак за разнесувачот на млеко, некои професии едноставно стануваат непотребни во еден момент. Во тоа нема ништо сомнително, се разбира. Со уништувањето на секоја стара професија се појавува некоја нова. Како би објасниле инаку на човек, кој живеел пред 30 години што прават IT специјалисти, програмери, креаторите на 3D печатари или вработените во сферата на мобилните комуникации и интернет или роботиката? Сигурно би го прифатиле како фикција или темна шега. Незапирливиот напредок на технологијата постојано прави некоја професија непотребна, заменувајќи ја со машина или дури со програма или апликација. Да ги земеме за пример податоците од Лондон - еден од технолошките центри на светот. Од 2001 година 32 900 секретарки во британската престолнина ја изгубиле работата поради технолошкиот напредок (виновни се програми како Microsoft Word и другиот софтвери за пишување). Други 30 100 сметководители останале без работа, повторно заменети од оптимизација на работата. Неодамна Бил Гејтс, научникот Стивен Хокинг и други значајни личности од светот на науката и технологијата потпишаа отвореното писмо до светот, предупредувајќи за "опасностите" на вештачката интелигенција. Иако потенцијалните предности се "огромни", тие, исто така, предупредуваат и за "потенцијални" проблеми и инсистираат за контрола врз истражувањата со вештачка интелигенција. Милијардерот-пронаоѓач Илона Муск, еден од потписниците на писмото, изјави во својот говор минатиот октомври дека вештачката интелигенција е најголемата "потенцијална закана" за човештвото. Исто како и Гејтс Муск кој не е технофоб: тој во моментов се обидува да колонизира Марс. Графиконот покажува кои се професиите кои се со највисок ризик од технолошкиот напредок. Тоа се загубените работни места во Лондон за периодот 2001 - 2014 година. profesiiК.К.