05 Декември, 2025
0.0287

Графикон: Симнувањето на апликации руши рекорди

Објавено во: Анализа 05 Ноември, 2014 07:54

Добивај вести на Viber

Симнувањето на мобилни апликации во 2014 г, ќе достигне дури 179 милијарди, пишува Statista. Податоците покажуваат дека во 2017 година од луѓето ќе бидат генерирани неверојатните 270 милијарди симнувања на апликации, што докажува дека во наредните години овој вид на софтвер ќе продолжи да биде популарен. Игрите се најпопуларните категорија и "се одговорни" за 20 отсто од симнувањата од Apple App Store. Втората најпопуларна категорија апликации е оваа на образовните апликации, а по неа се редат бизнис апликациите и оние поврзани со животен стил. Најдобра мобилна апликација во САД е Facebook. Во септември 2013 година таае користена од 74,1% од американските корисници на мобилни уреди. Во вториот квартал на 2012 година 102 милиони потрошувачи користеле Facebook преку мобилни уреди. Нивниот број значително се зголеми до 2014 година, кога тие достигнуваат 399 милиони луѓе. Втората нај користена мобилна апликација во САД е Google Play, а на третото место останува YouTube. Во 2013 година 80% од времето поминато во користење на поврзани мобилни уреди, е посветено на мобилни апликации. Во 2014 година тоа се зголемува до 86%. Детали за користењето на мобилните апликации можете да видите на графиконот:

К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени