29 Септември, 2024
0.0269

ГРАФИКОН: Twitter сака ама не може со Facebook

Објавено во: Анализа 10 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Минатата недела Twitter ги објави приходите за последното тримесечје на 2014 година. Оние кои се надеваа дека компанијата открила начин да го закрепне стагнирачкиот раст на потрошувачите беа разочарани повторно. За време на четвртиот квартал Twitter додаде едвај 4 милиони корисника и достигна до 288 милиони активни корисници. Иако ова е зголемување за 20% на годишна основа, тоа е и уште еден доказ дека Twitter никогаш нема да ја достигне големината на Facebook. За да се илустрира колку далеку се двете компании во однос на растот на потрошувачите, на графиконот е спореден растот на Twitter во последните две години со оној на Facebook меѓу 2009 и 2010 година. Почнувајќи со 197 милиони активни корисници месечно во првиот квартал на 2009 година, Facebook додаде 411 милиони корисници во рок од две години. Twitter, која имала 204 милиони корисници во првиот квартал на 2013 година успеала да додаде 84 милиони лица за исто време. Добрите вести за Twitter се дека приходите се зголемија многу побрзо од активните корисници. Приходите во четвртиот квартал на 2014 година речиси се дуплирани до 479 милиони долари, надминувајќи ги значително очекувањата на аналитичарите. Twitter најверојатно никогаш нема да го достигне речиси универзалниот опсег на Facebook. Сепак компанијата докажува дека нејзиниот бизнис модел работи, макар и на пониско ниво. На графиконот може да се види растот на корисниците на Twitter во последните две години и на Facebook меѓу 2009 и 2010 година. fbbt К.К.