19 Декември, 2025
0.0675

ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ЈА ПЛАТАТ ЦЕНАТА: Државата денес се задолжи 14.1 милион евра

Објавено во: Економија 10 Мај, 2016 14:52

Добивај вести на Viber

Не запира бранот на задолжувања.

Министерството за финансии денеска се задолжи повеќе од планираното.

Имено, на денешната аукција на државни хартии од вредност наместо бараните 9.43 милиони евра, запиша 14.1 милион евра во државни хартии од вредност со повисока каматна стапка. Сите 14.1 милион евра се нов нето долг.

Со коментар и реакција прв за ова задолжување се јави дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.

Тој вели дека со ова станало јасно зошто НБРМ ја зголемила референтната каматна стапка.

„Во услови кога има минимално намалување на девизните резерви и речиси целосно смирување на шпекулативните движења на менувачкиот пазар, покачувањето на каматата на благајничките записи имаше за цел да биде само алиби за зголемувањето на каматните стапки  на државните хартии од вредност. Соочен со намалениот интерес, поради правната несигурност кај клиентите на домашниот пазар, Министерот Ставрески мораше да ги покачи каматните стапки, со цел да го продолжи галопирачкото темпо на зголемување на јавниот долг.  Девизната клаузула кај 3-месечните записи имаше за цел само пролонгирање на нестабилноста на девизниот пазар“, реагира Наумов.

Тој дополнува дека со одлуките за покачување на каматните стапки, граѓаните и стопанството ќе ја платат цената, за сметка на продолжување на неконтролираното задолжување на Владата чии денови се одбројани, а домашните банки ќе остварат дополнителни екстра профити.

Денешното задолжува е второ во месец мај.

На 3-ти овој месец Владата се задолжи близу 50 милиони евра.

Министерството за финансии бараше 70, 6 милиони евра од домашните кредитори но успеа да собере само  48,9 милиони евра.

Според последните податоци заклучно првиот кваратал од годинава јавниот долг изнесува 4 милијарди 382 милиони евра или 45% од бруто домашниот производ.

Јавниот долг, во апсолутен износ, на крајот на 2010 година изнесувал 1.936 милијарди евра, а на крајот на 2015 достигнал 4.227 милијарди. Тоа значи дека пораснал за вкупно 2.3 милијарди евра. Кога тоа ќе се подели со бројот на денови во овој период (1896), се добива дека секој ден растел во просек за 1.25 милиони евра. Тоа значи дека секој час растел просечно за 52 илјади евра, односно 15 евра просечно во секоја секунда.

На овој линк овде може да го следите бројачот на јавниот долг во живо и сами да гледате колку изнесува задолжувањето на земјава секоја секунда.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд