Граѓаните на ЕУ немаат заштеди
Објавено во: Свет 30 Јануари, 2013 10:05
Приближно една третина од граѓаните на Европската унија немаат заштеди, а половина од граѓани на Италија и на Шпанија сега живеат со „парите за црни денови“, заштедени претходно, покажа истражувањето на Би-Би-Си.
На прво место по бројот на граѓани со заштеди е Луксембург (89 отсто), а на последно е Романија (48 проценти).
Приближно половина од граѓаните на ЕУ изјавуваат дека можат да живеат со своите лични средства едвај три месеци, ако престанат да добиваат други приходи. За други 47 проценти од Европејците нивните заштеди нема да им стигнат дури ни за едно тромесечје.
Најзадоволни од големината на своите банкарски сметки се луѓето во Холандија и Германија, соодветно 47 и 46 проценти од вкупниот број на населението.
Најнезадоволни се Чесите, следени од Италијанците и Шпанците.
Во моментов Европејците се принудени да ги ограничуваат своите трошоци. Така на пример, две третини од граѓаните на ЕУ се жалат дека за една третина ги намалиле своите трошоци за облека, козметика и културен живот и забава. Нивните расходи за образование и медицински грижи, меѓутоа, останале практично на нивото до кризата.
Истражувањето е направено на нарачка од холандската банка ИНГ и од германската агенција.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




