05 Декември, 2025
0.0566

Граѓаните се жалат на бавноста на Македонски пошти, почнал процесот на нејзина приватизација

Објавено во: Економија 25 Декември, 2012 19:31

Добивај вести на Viber

Граѓаните незадоволни од брзината на пратките кои се пренесуваат преку Македонски пошти, се почесто бираа услуги од поштенските оператори што ги остваруваат своите активности на слободниот пазар. Последниот извештај на Агенцијата за пошти, во кој се истражува задоволството на корисниците на услугите на поштенските оператори за 2012 година, покажал дека расте бројот на корисници на услугите на брзата пошта и на операторите што нудат експресна достава. Извештајот покажал и дека поштенски услуги најчесто се користат за лични потреби и пренос на писма, подароци и честитки во земјава, за кои корисниците очекуваат дека ќе бидат доставени за еден до три дена максимум. Од вкупно 800 испитаници, 28 проценти рекле дека не се задоволни од брзината на доставата, а 37 проценти дале неутрален одговор. Македонскиот поштенски пазар веќе четврта година по ред бележи пораст во однос на вкупниот број доставени поштенски пратки. Лани е евидентиран обем од 75 милиони пратки, што претставува пораст од околу 17 проценти во однос на претходната година. Моментно просечниот број на поштенски пратки е 36 по глава на жител, посочи Влатко Атанасовски, директор на Агенцијата за пошти. Тој посочи и дека процесот на приватизација на MП е веќе почнат, а до крајот на 2014 година МП има ексклузивно право да доставува поштенски пратки со тежина до 50 грама, по што и останатите оператори добиваат право да ги доставуваат тие пратки по пазарни услови. „Тоа ќе биде година во која националниот оператор ќе успее или не доволно да се прилагоди на конкурентските услуги и во која останатите оператори ќе треба да се етаблираат на пазарот и да го заземат својот пазарен удел. Се надевам дека континуираниот тренд на пораст на пазарот ќе продолжи и следната година, а Агенцијата за пошти како регулатор се разбира треба да овозможи соодветна правна рамка за успешна реализација“, изјави Атанасовски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?