Фото: Граѓаните ги избраа идејните решенија за уредување на дојранските плажи
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2013 14:19
Министерството за транспорт и врски објави дека заврши анкетата на која граѓаните можеа да гласаат за девет идејни решенија за уредување четири плажи на Преспанското Езеро и пет на Дојранското Езеро заврши.
Согласно резултатите од електронското гласање, за идејно решение за плажите Граница, Титови пионери, Калдрма, Карач, Градска плажа и Стара Мрдаја на Дојранско Езеро, од вкупно 1.492 гласови, првото идејно доби 49 проценти. Второто решение освои 19 проценти од гласовите, за третото се дадени 2 проценти од гласовите, а за четвртото и петтото по 12 односно 18 проценти од вкупниот број гласови.
За плажите Коњско, Претор, Крани, Отешево и Сливница на Преспанско Езеро, од вкупно 1.919 гласови, првото идејно решение доби 2 проценти, второто доби 44 проценти, третото 45, а за четвртото се дадени 9 проценти од вкупниот број гласови.
Сите идејно архитектонско - урбанистички решенија за уредување плажи можат да се видат на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk
Во наредниот период Министерството ќе донесе решение за доделување прва и втора награда, како и за откуп на останатите идејни решенија.
Опфатени се локациите на Дојранското Езеро: „Граница Николиќ“, со должина од 100 метри „Калдрма“ – 200 метри, „Карач“ – 100 метри, плажа кај одмаралиште „Титови Пионери“ - 150, „Стара Мрдаја“ – 400 метри и плажите бр. 7,8,9 и 10 во централното градско подрачје со вкупна должина од 400 метри.
На Преспанско Езеро се опфатени локациите: „Крани“ со должина од 500 метри, „Отешево“ – 100 метри, „Коњско“ – 200 метри, „Сливница“ – 100 метри и „Претор“ во централното подрачје со должина од 500 метри.
На плажите е потребно да има планирана песочна површина која би се изнивелирала и попесочила со соодветен автохтон песок, да се почитува постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди со поставување клупи, фонтани за вода за пиење, детски игралишта, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали. Сервисниот пункт на плажите треба да има шанк со кабина за музика со спецификација на опрема, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви, соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити. Треба да биде обележан просторот за капење во езерото заради заштита на капачите од пловни објекти и да се предвиди место за служба за спасување, а местото за седење на спасителот да се осмисли во духот на целата плажа. На плажата треба да се предвидат и места за информативни паноа, безжичен интернет и други погодности за забава и престој.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите









