05 Декември, 2025
0.0381

Граѓаните го гушнаа ГТЦ и му кажаа НЕ на барокот

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2013 20:20

Добивај вести на Viber

Со заедничко гушкање на ГТЦ, голем број граѓани денеска го искажаа својот револт поради најавите за промена на фасадата на објект кој треба да се вклопи во барокот на околината. Тие пратија порака дека ГТЦ го сакаат таков каков што е, а ако се реставрира тогаш треба да се зачува неговата автентичност. Од рано утрово, па се до вечерта на влезот на ГТЦ се собираа потписи за петицијата за спас на ГТЦ од барокот. „Имаме заедничка одговорност за она што го оставаме на идните генерации. ГТЦ мора да остане отворен, проточен за пешачко движење, функционален, автентичен, градски,“побараа од Асоцијацијата на архитекти на Македонија кои беа организатори на настанот. За архитектот Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, значењето на ГТЦ е огромно, за скопјани не само затоа што е дел од нивниот живот и секојдневие. „Луѓето се врзуваат за работите кои со години секојдневно ги опкружуваат, за некого тоа има лична вредност, сентиментална, субјективна. Овде се работи за општо, објективно, јавен интерес. Не се работи за носталгија кон објект за кој патетично се врзуваме и го сакаме затоа што е наш, затоа што ни буди спомени, не поврзува со младост и слично. Значењето е многу поголемо и е над личните чувства и убедувања“, изјави Раѓеновиќ Јовановиќ која додава дека и 40 години подоцна објектот сеуште има современ израз и идеална урбанистичка концепција и е одличен пример во нашата архитектура. Градскиот трговски центар е изграден во 1971 година, а главен авторот на проектот е познатиот, сега веќе починат архитект Живко Поповски кој важеше за голем професионалец и човек кој секогаш застануваше во одбрана на архитектурата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите