29 Септември, 2024
0.2980

Граѓаните на Автокоманда со протест бараат чист воздух

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Жители на населбата Автокоманда и од другите населби во општина Гази Баба организираа предупредувачки протест поради секојдневното загадување на воздухот и негрижа од надлежните институции за заштита на животната средина.

Организаторот на протестот – граѓанското движење “Автокоманда сака да дише” потенцираше дека причина за собирањето е алармантноста на загадувањето.

“Се собравме бидејќи сакаме да дишеме. Се собравме бидејќи имаме иста мака, како реакција на секојдневните поплаки на сите што живееме овде и ги делиме истите честички воздух. Континуираното загадување на воздухот во Општина Гази Баба, а со тоа и на населбата Автокоманда,во последниве неколку месеци драматично се интензивираше и зазеде алармантни размери. Буквално не поминува ниту еден без да ја почувствуваме неподносливата миризба и чадот кои ни го оневозможуваат нормалното живеење и перманентно нé трујат. Затоа, решивме дека е време нешто да преземеме, преку организирана форма да ги артикулираме барањата до надлежните институции за преземање итни мерки”, велат од иницијативниот одбор.

Во претходниот период, организаторот пратил серија писма до сите државни органи и одржал средба со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски и со парламентарната комисија за животна средина. Исто така, организаторите бараат неодложна акција и од Министерството за животна средина и просторно планирање, Инспекторатот на Град Скопje и Државниот инспекторат за животна средина.

“Автокоманда сака да дише” бара:

- Итна детекција на загадувачите, нивно јавно обзнанување и соодветно санкционирање согласно пропишаната законска регулатива;

- Воведување вонреден/перманентен инспекциски надзор на индустриските субјекти во околината на Автокоманда;

- Неодложно објавување на долгонајавуваниот Катастар на загадувачи на Општина Гази Баба, негово редовно ажурирање и информирање на граѓаните;

- Повторно ставање во функција на мерната станица во Општина Гази Баба која необјасниво е во дефект цела година. Очекуваме Министерството за животна средина да даде образложение за какви “технички проблеми“ станува збор и кога ќе бидат отстранети.

- Строго спроведување на Законот за квалитетен амбиентален воздух;

- Итно запирање на постапката за издавање дозвола за работа за најавената нова фабрика за тешка индустрија во комплексот “Железарница“;

- Засилен мониторинг на воздухот и воспоставување транспарентен систем за следење на загадувањето чии што податоци јавно ќе се објавуваат и ќе им бидат достапни на граѓаните.

Инаку, иницијативата “Автокоманда сака да дише” е формирана како резултат на перманентните жалби на граѓаните од загадениот воздух и од негрижата на надлежните институции за заштита на животната средина. Затоа, свесни за фаталната штетност на загадувањето и катастрофалните последици врз здравјето на граѓаните, иницијаторите и жителите на Општината се креваат на нозе барајќи нормални услови за живеење и итно преземање мерки за спречување на ова појава.

Го креваме нашиот глас бидејќи не сакаме да бидеме црна статистика која ги полни болничките кревети. Го креваме нашиот глас бидејќи тоа им го должиме на нашите деца. Се креваме на нозе бидејќи сакаме чист воздух и здрава животна средина. Се креваме на нозе и против незаинтересираноста на институциите, затоа денешниот собир е предупредувачки, да ги разбудиме и да ги принудиме да си ја работат работата.Доколку нашите барања не бидат третирани со најголема сериозност и не бидат преземени итни мерки за решавање на проблемот,  граѓанската иницијатива “Автокоманда сака да дише“ ќе организира нови протести и блокади на улици и булевари. Овде нема да застанеме, битката за чист воздух ќе ја водиме до крај!”, порачаа од граѓанското движење “Автокоманда сака да дише”.

На предупредувачкиот протест се обрати и градоначалникот на Општината, Борче Георгиевски.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“