26 Ноември, 2024
0.0267

ГРАЃАНИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ДА ИМ ВЕРУВААТ НА БАНКИТЕ - надлежните тврдат: нема невообичаени повлекувања на депозити

Објавено во: Економија 20 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Граѓаните во земјава продолжија да им веруваат на домашните банки. Нема никакви повлекувања на депозити, и покрај пропаѓањето на Еуростандард банка, на која Народна банка на Македонија и ја одзеде дозволата за работа и врз неа беше отворена стечајна постапка.

Ова за Фактор го тврдат и од Народна банка на Македонија, и од банкарскиот еснаф, односно од Македонската банкарска асоцијација.

Од Народната банка уверуваат дека кај граѓанските заштеди во банките нема никакви невообичаени движења, што тие го имаат преку дневните информации кои до нив ги доставуваат самите банки.

„Кај депозитите на домаќинствата не се присутни невообичаени движења за овој период од месецот. Ова се потврдува и преку информациите кои на дневна основа се добиваат од самите банки“, децидни се од централната банка. 

Монетарните власти во земјава повторно нагласуваат дека граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи банкарскиот систем е стабилен и сигурен. Притоа, како што потенцираат, стабилни и сигурни се сите банки, како и штедилниците.

„Остварувањата на системот, со состојба на крајот на првата половина на оваа година се подобри споредено со мартовските податоци кога корона-кризата сѐ уште не беше посилно присутна во нашата економија“, тврдат од Народната банка.

АДЕКВАТНОСТА НА КАПИТАЛОТ Е НА ИСТОРИСКИ МАКСИМУМ

Наведуваат и повеќе аргументи. Меѓу другото, стапката на адекватност на капиталот на банкарскиот систем забележа натамошен раст и е во рамки на историскиот максимум и изнесува 17,2 отсто, односно е повеќе од двојно повисока од законскиот минимум. Кај сите банки, стапката на адекватност на капиталот е во распон од околу 14 отсто до 22 отсто, односно кај најголем дел е двојно повисока од минималното законско барање, што е од клучно значење за стабилноста на одделните банки и банкарскиот систем во целина.

Натаму, додаваат од НБМ, нешто повеќе од половина од капиталот на банките претставува вишок над законскиот минимум што е исклучително значајно за заштита на системот од шокови, каков што е пандемијата на ковид-19.

Исто така, квалитетот на сопствените средства на банкарскиот систем е исклучително висок, и доминантен дел од нив од околу 90 отсто се состојат од редовниот основен капитал, како најквалитетен слој од сопствените средства на банкарскиот систем.

„Со ваквите перформанси, банкарскиот систем е во кондиција со којашто во секој момент може во рамки на максимумот да одговори на потребите на клиентите и ефикасно да им овозможи користење на банкарските услуги и производи, вклучително и квалитетна и соодветна кредитна поддршка и клучно – безбедност за нивните депозити“, уверуваат од Кабинетот на гувернерката Анита Бежовска-Ангеловска.

МЕТЕЖОТ ПРЕД БАНКИТЕ Е ПОРАДИ ОТВОРАЊЕ НОВИ СМЕТКИ

И банкарите велат дека не забележале невообичаени повлекувања, кои би можеле да се поврзат со настаните околу Еуростандард банката.

Во изминатите денови не се забележани невообичаени повлекувања на депозити од страна на граѓаните кои би можело да се припишат на настаните поврзани со Еуростандард банка“, велат од Македонската банкарска асоцијација. 

Потенцираат дека метежот кој деновиве се забележува пред банките, е поради тоа што граѓаните кои имаа свои сметки во Еуростандард банка, сега отвораат сметки во други банки, со цел преку нив да ги остваруваат своите приливи. 

„Вработените лица, пензионерите, корисниците на парични права од социјална и детска заштита и лицата кои остваруваат приливи по други основи отвараат сметки во една од нашите членки преку која во иднина сакаат да ги добиваат приливите на парични средства, поради што кај банките се забележуваат гужви во филијалите и експозитурите“, објаснуваат од Македонската банкарска асоцијација.

Како што нагласивме и претходно, банкарскиот систем е во одлична кондиција, децидни се банкарите.

ВО БАНКИТЕ ИМА 4,6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗАШТЕДИ НА ГРАЃАНИТЕ

Според податоците на Народна банка на Македонија, заклучно со јуни годинава, граѓаните во домашните банки и штедилници чувале заштеди од 4,56 милијарди евра. 

Тоа бил пораст на граѓанските заштеди.

„Вкупните депозити на домаќинствата, во јуни, се зголемија за 0,8 отсто на месечно ниво, главно како резултат на растот на депозитните пари, како и на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, при пад на долгорочните и краткорочните депозити во денари. Анализирано на годишно ниво, депозитите на домаќинствата се зголемени за 8,7 отсто, пред сè поради повисоките депозитни пари, како и краткорочните депозити во странска валута“, информираа неодамна од Народната банка.

Инаку, како што е веќе познато, во Еуростандард банка се чувале заштеди од 71,5 милиони евра, а над 130 илјад штедачи ќе бидат целосно обесштетени од Фондот за осигурување депозити, и тие ќе земат сума до 30 илјади евра.

Само 780 штедачи, чија вкупна сума на заштеди била 25 милиони евра, нема да бидат целосно обесштетени, и тие остатокот на 30 илјади евра, ќе го побаруваат од стечајната маса.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу