Добивај вести на Viber
За два часа откако е отворен пултот за собирање потписи околу 500 граѓани веќе ја потпишале Петицијата „Го сакам ГТЦ“.
Се очекува потпишувањето на Петицијата да трае до 18 часот и истата ќе биде доставена до Управата за заштита на културното наследство каде ќе се побара Градскиот трговски центар да биде заштитен како значаен објект од периодот на модерната во Скопје.
Во 19 часот граѓаните ќе направат жив штит околу ГТЦ, симболична прегратка.