Граѓаните се жалат за МојДДВ: Македонските производи скратија пари од скенираните сметки
Објавено во: Економија 24 Јули, 2020
По 100, 200 или 300 денари помалку од првично впишаните имаат граѓаните на извештаите за скенираните сметки за претходното тримесечје односно за април, мај и јуни. Повеќемина се жалат на социјалните мрежи, дел од граѓаните се јавуваат - впрочем не им е јасно како наеднаш се случи промената. Некои се револтирани од одлуката да се прави промената особено тие кои скенирале сметки со кои за трите месеци имале остварен поват од 1.800 денари колку што е максимумот. Да знаеле дека ќе има промени, велат ќе продолжеле да скенираат уште. Управата за јавни приходи сепак соопшти дека станува звор за мали промени затоа што за од 12 јуни годинава ќе прави нова пресметка на повратот на ДДВ кај граѓаните, за второто тримесечје. Новиот начин е поради одлуката кај македонските производи да се врши поврат од 20 отсто, а кај странските од 10 отсто.
„ До вчера имав 1.800 сега 1.647 денари поврат за 4, 5 и 6 месец. ме изненади промената, вели Н.М.
„Имав 890, сега 650, дајте објаснете зошто ми ги земаа, се жали Р. Стоименов.
Дел од тие кои имале 1.800 денари за враќање престанале да скенираат затоа што го исолниле максимумот.
„Како може повторно да пресметуваат ДДВ на завршено тримесечје. Јас знам дека собрав 1800. И престанав да скенирам. И сега тие ќе ми пресметаат помалку пари. Па сум можела да скенирам уште, вели З.П.
Од УЈП вела дека поради измената износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесечје може да претрпи промена.
„Со овие приспособувања за скенираните сметки од 12 јуни, повторно ќе се изврши пресметка, според раздвојувањето на македонски добра и услуги со 20 отсто, останати добра и услуги со 10 отсто, наместо досегашните 15 отсто поврат на ДДВ. Поради оваа повторна пресметка износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесечје може да претрпи промена, појаснуваат од УЈП.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.