15 Декември, 2025
0.1164

Граѓаните си сакаат државна работа – зошто приватниот сектор не им е омилен?

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2023 08:20

Добивај вести на Viber

Бројни анкети кои се правени во земјава неколку години по ред, покажуваат дека македонските граѓани најмногу сакаат да работат во државен сектор.

За нив приватниот сектор не е атрактивен, затоа што сметаат дека приватните компании не нудат сигурност, високи плати и добри услови за работа. Повеќето граѓани би биле среќни кога тие или нивните деца би работеле во државно. Велат дека државната работа има многу предности. Додаваат дека во приватен сектор работниците не секогаш целосно ги искористуваат деновите за годишен одмор, а сметаат и дека има манипулации поврзани со исплатата на К-15.

„Во државно е поубаво за разлика од приватно. И да те избркаат, ќе тужиш, а во приватен сектор од денес за утре може да те избркаат и да ти речат да не доаѓаш на работа“, вели граѓанка.

Друг наш соговорник објаснува дека работниците во приватниот сектор се оставени на цедило. Наведува примери дека млади луѓе оделе на работа во приватни фирми, а потоа газдите не им исплатиле плата.

„Подобро е во државно, за стаж, за пензија во иднина, буквално за сè. Најдобро е да си пиете вода од државна чешма. Од тоа нема подобро“, вели Стојанче Спасевски, граѓанин.

Државно си е државно, се сложуваат граѓаните.

„Има многу проблеми во приватните фирми. Во приватен сектор работникот може да работи во сабота, недела, по 10, 12 часа на ден, така што не ми се допаѓа приватно, а во државно е посигурно“, рече Јовица Ивановски, граѓанин.

Но, сретнавме и граѓанка која работи во приватен сектор и е задоволна. Таа вели дека има приватни компании кои ги ценат работниците и тоа е за поздравување.

Зависи кај кој газда работите. Има газди кои ги чуваат и ги почитуваат добрите работници. Тоа многу ми се допаѓа  и ќе го поздравам.  Во државно, за да влезете ви требаат врски, а никогаш не сум била во партии“, кажа Роза Антевска, граѓанка.

Има истражувања кои укажуваат дека младите сакаат флексибилно работно време, работа од дома, односно да имаат повеќе слободно време.

Тоа мислење за приватниот сектор треба да се менува и мислам дека се менува. Посебно со мерките за самовработување, државата дава по 5.000, 10.000 евра и познавам луѓе кои излегоа од државен сектор, по што почнаа сопствен бизнис“, велат од Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово.

Но, посредниците кои обезбедуваат работа во Хрватска, раскажуваат дека имало примери кога нивни работници наоѓаат работа во јавен сектор и се откажуваат од одење на печалба. Овие примери не се чести, но сепак постојат. Објавени беа и анализи кои укажуваат дека младите или посакуваат работа во јавната администрацијата или да се иселат, а ако станува збор за работа во приватна компанија, би работеле во неколку влијателни компании во земјава. 

Сања Атанасовска

фото freepik.com

Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети