Граѓанска акција: На Скопје му треба двојно повеќе засадени дрва

Објавено во: Македонија, Интервјуа 25 Октомври, 2019 09:05
Масовните акции за засадување дрвја и пошумување се вистински начин за борба со климатските промени, со огромното загадување на воздухот во загрозени градови како Скопје каде според проценките потребни се двојно повеќе засадени дрва и зелени површини. Граѓанската иницијатива "Денови на колективно садење дрвја" започнува утре и ќе опфати повеќе градови, како и соодветна едукација ја најмладите за засадување во училиштата. Прочитајте повеќе детали како ќе се одвива акцијата и како ќе можете да се вклучите и вие.
Фактор: Колку е потребно да се организираат колективни и масовни акции за засадување дрвја и пошумување и на кој начин ќе биде реализирана акцијата?
Одговор: Акцијата “ Денови на колективно садење дрвја во Македонија на 26.27.10.2019 та “ e дел од пошироката регионална иницијатива која започна во Хрватска и брзо се прошири низ целиот регион. Оваа акција е брз одговор на последните немили случувања во светот, со опожарувања на големи површини на шуми, загадување во градовите и глобалното затоплување. Садењето дрвја не е единствен начин на справување со горенаведените проблеми, кои глобално се појавија насекаде низ светот, но е најефтин и најбрз начн да се справиме со истите. Сведоци сме на масовно организирање акции низ светот, каде Етиопија во еден ден засади 350 милиони дрвја. Ирска планира да засади 440 милони дрвја до крајот на 2040 та година. Овие бројки укажуваат на неопходноста на вакви акции локално, регионално и глобално кои ќе допринесат до почисти еколошки средини и одржување на биодиверзитетот насекаде.
Во Македонија акцијата ја започнаа неколку активисти од Скопје. Се приклучија веднаш граѓани, неколку основни училишта и гимназии од цела Македонија.Многу од школите сами обезбедија садници и се самоорганизираа. Некои училишта побараа донации исклучиво во садници, и благодарение на Халк Банка и Пакомак истите се обезбедија и се доставија до некои училишта низ Македонија.
Во Скопје од градот е доделена јавна површина до училиштето Зеф Љуш Марку, и на 26.10.2019 та од 10 до 12h od ЈП Паркови и зеленила стручо ќе бидат засадени дрвјата, Обезбедено е нивно наводнување, одржување, кое е една од целите на оваа акција. Не само да се засадат дрвјата туку и да се одржуваат.
Фактор: Колкав е проблемот во државата во Скопје и во останатите градови со висок степен на загаденост поради сечата на дрвата и недостатокот на зеленило на јавните површини?
Одговор: Во Скопје има зелен катастар, според кој се знае дека во градот на јавни површини има околу 65000 дрвја. Да претпоставиме дека има уште толку дрвја на приватни површини..значи вкупно 120000 дрвја. Според некои проценки едно зрело дрво од 100 години пример прозведува просечно кислород за двајца. Според оваа математика, дрвја во градоти ма за околу 250000 жители. Секој град би требало да има евиденција за бројот на засадени дрвја степенот на зазеленување на градот, па врз основа на тој податок да се превземаат мерки за садење на нови садници.
Во светот најзелените градови имаат степен на зазеленување од 25%, како Амстердам и Ванкувер. Повеќето светски метрополи имаат 11% зазеленети површини, но сите интензивно последните години прават напори , овој процент да се зголеми, за да се намали загадувањето
Во врска со сечите на дрвја, потребно е да се прогласат повеќе заштитени подрачја во државата, за да се спречи неконтролирана сеча и повеќе активност на шумската полиција.
Фактор: Во акцијата ќе бидат опфатени повеќе основни и средни училишта, сметате дека свеста за животната средина и одговорноста треба да се пренесе кај најмладите и да се внимава на ваков вид на едукација?
Одговор: Сметаме дека од најрана возраст треба да се едуцираат младите за значењето на дрвјата, садењето, негата на истите (вакви бесплатни едукативни работилници се спроведуваат во моментот насекаде низ Хрватска). Исто како што последните години се работи на зголемување на свеста за здравата исхрана, спортот итн. учествување на сите нас, особено на најмладите во акции за почиста животна средна едукација за истите е неопходност .
Но, акцијата што ја спроведуваме даде зачудувачк резултати. Излезе дека највеќе доброволно се вклучија деца и училишта, а останатите компании и возрасни граѓани останаа по индиферентни. Мислам дека мотивацијата во нашата средина треба да се насочи и кон возрасните, затоа што младите и наставниците го имаат сочувано сензибилтетот кон природата и интуитивно ја разбираат вредноста на оваа акција,
Возрасните, преоптоварени од секојдневните обврски и живот во градот, исполнет со бучава, загадување и трка по матерјалните добра, полека го губат сенсот за значењето на природата.
Фактор: На кој начин ќе се осигура дека посадените дрвца ќе пораснат и ќе го дадат посакуваниот резултат и дали се внимава на тоа каков вид на садници и сорти ќе се посадат?
Одговор: Самата акција од почетокот го нагласуваше тој момент: Дека од поголема важност за акцијата е нивна нега и одржување, отколку садењето и сликањето покрај садниците.
Побарано беше од расадниците, да дадат своја стручна помош и насоки за типот на садниците кои треба да се изберат, периодот на садење, како и едукација на вработените во училиштата за нивно понатамошно одржување, особено во летниот период , кога има поголеми сушни периоди.
Препораката беше да се садат автохтони сорти, оние што потекнуваат од ова поднебје, и оние кои се покажало дека се поиздржлви на надворешни влијанија..
Фактор: На кој начин ќе продолжи да функционира оваа граѓанска иницијатива понатаму, веќе имавме акција како Ден на дрвото која доби негативни оценки поради вмешување на политиката, и како до поголема масовност на целата територија на Македонија?
Одговор: Оваа акција привлече илјадници граѓани во Хрватска, заради тоа што нема политичка промоција, ниту финансиска добивка. Таа е над секој личен интерес. Повикани сме сите да дадеме свој допринос, секој во својата околина, да допринесе на свој начин, паметно одговорно. Токму заради тоа оваа акција не наликува на ниту една претходно, и истата идентично е пренесена во Македонија. Оваа акција има за цел да ги поттикне граѓаните, без да чекаат од некој друг, сами да помогнат во зазеленување на градовите. Или секој во својот двор, или во компански двор, или доколку се добие дозвола од градот на некоја јавна површина, како што добивме од град Скопје и град Гостивар, кој помасовно исто се вклучи во оваа акција.
Ентузијазмот кој се почуствува во оваа акцја, токму заради тоа што произлегува од граѓаните е неверојатен. Се надеваме дека оваа акција ќе продолжи и понатаму и ќе се вклучат уште повеќе организации, школи граѓани и градови, но и ќе се прошири регионално, што ја зголемува нејзината вредност е од суштинско значење за здравјето на сите нас, и за одржување на биодиверзитетот воопшто..
Ние сме спремни да ја одржиме оваа традиција, и да ја продолжиме секоја година, со тоа што очекуваме уште помасовен одзив и поддршка од јавните институции.
Х.С.
Можеби ќе ве интересира
ЗАВРШИ ГРЕЈНАТА СЕЗОНА, НО СКОПЈАНИ, НЕ СТРАВУВАЈТЕ - ако надвор е ладно, ќе има топли радијатори се до 30 април

ШЕСТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ СЕ ИЗГУБИ ВЧЕРА: По грешка се качило во меѓуградски, наместо во градски автобус, за среќа полицијата го пронајде

„ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА АКО ИМАЛО ГРЕШКА“: Таравари за случајот на Кардиохирургија го чека извештајот на здравствениот инспекторат

„ОВОЈ БЕСКРУПУЛОЗЕН МИНИСТЕР, СО ОБРАЗ ЃОН НЕМА НИЕТ ДА ЈА СФАТИ СУШТИНАТА НА ОСТАВКАТА ОД МОРАЛНИ ПРИЧИНИ“: Се огласи Апасиев

МУЦУНСКИ ИЗБРАН ЗА МЛАД ГЛОБАЛЕН ЛИДЕР: Еве што вели тој за изборот

Амбасадорот Кучи се врати во Македонија како новоосомничен за пожарот во Кочани

МИНИСТЕРОТ ТОШКОВСКИ СЕ ОГЛАСИ СО ПОДОЛГ ПОСТ: Секојдневно ме напаѓа коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, ама ќе ја платам таа цена во име на правдата

ЛА НИЊА ГО ЗАСИЛУВА ИНТЕНЗИТЕТОТ: Не очекуваат голем број на временски непогоди, вели Попоски

ЗА МНОГУМИНА Е ЛУКСУЗ: Колкави јагниња бараат македонските граѓани за Велигден?
