05 Декември, 2025
0.1022

Грандиозниот проект за Панорамско тркало е завршен, кога почнува изградбата?

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2013 08:10

Добивај вести на Viber

Подготвките за почеток на изградбата на проектот Панорамско тркало се во завршна фаза. Од Градот Скопје велат дека главниот проект е веќе изготвен, но засега не соопштуват детали околу вредноста на инвестицијата, дали и со колку пари ќе учествува Градот, а колку ќе вложи  соинвеститорот. Засега  не е познато кога ќе се пристапи кон избор на соинвеститор, но со изработката на проектот веќе се создадени предуслови  и за реализација на гандиозната инвестиција. - Главниот проект за панорамското тркало е изготвен и сите други детали околу реализацијата ќе бидат наскоро дефинирани, за што јавноста  и медиумите ќе бидат благовремено информирани, велат за Фактор од Градот Скопје. Лани во септември Градот го потпиша договорот за изработка на основен проект за Панорамското тркало со придружни објекти и мост, со австриската компанија „a2 Hotelconcept GmbH“, во висина околу половина милион евра. Парите за подготовката на проектот се обезбедија од градската каса. Конкурсот за избор на идејно решение претходно беше неколку пати поништуван бидејќи се додаваа нови работи. На крајот се избра трудот на австриските архитекти од студиото „ Massabni architects GmbH“, кои на јавноста и се познати и по идејните решенија за хотелот Мериот што се гради на плоштадот Македонија . Според проектот Панорамското тркало со придружни елементи ќе биде високо 60 метри, а ќе се гради на мост на реката Вардар во делот помеѓу Музејот на ВМРО и Стариот театар. Идејното решение предвидува целосно уредување на простор, кафе-бар, историски вагони од кој посетителите ќе имаат поглед на целиот на градот од 60 метри, поточно комплетниот изглед на тркалото како што тогаш објасни австриската компанија на својата интернет страница е инспириран од историските симболи за Македонија. Градот Скопје освен за изработката на изведбеното решение, е задолжен и за издавање на одобрението за градба. Соинвеститорот треба да го изгради тркалото заедно со придружните елементи и мостот и со него да стопанисува, да наплаќа билети од неговото функционирање и да го одржува во следните 35 години. Предлогот за распишување на тендер за соинвеститор за изградба на Панорамско тркало на една од седниците на стариот Совет на Град Скопје, беше симнат од дневен ред поради пропусти од технички карактер во документацијата за  проектот. Од тогаш до сега сеуште предлогот за распишување на тендер не е ставен на гласање.  Тогаш опозицските советници побараа градските власти комплетно да се откажат од овој проект, но тоа не се случи. Ј.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите