05 Декември, 2025
0.0368

Граничната контрола – уште еден тест за довербата кон Европа

Објавено во: Анализа, Свет 10 Јануари, 2016 13:48

Добивај вести на Viber

Заканите за економијата на Европа воопшто не се малку, а последната веќе постои - граничните контроли, коментира Bloomberg.

Данските вработени, кои ги проверуваат документите долж границата со Германија оваа недела, не се таму за да ја запираат трговијата или да му пречат на туризмот. Тие вршат заповеди на политичари, загрижени да го запрат протокот на бегалци. Дури и да е така, аналитичарите почнуваат да се загрижени за она што може да се случи во веќе настраданиот регион, кога слободното движење на луѓе се стави под прашање.

Слично на еврото, единствената валута, користена од 19 од 28-те земји членки на Европската унија (ЕУ), Шенгенскиот договор одамна се истакнува од политичарите како неотповиклив столб на мултинационалната унија, овозможувајќи непречено движење меѓу земјите за бизнис или задоволство. Затоа, со оглед на веќе кревкото заздравување, монетарна политика, која се обидува да ја одврати дефлацијата и затајување на инвестициските компании, самата закана дека Шенгенот може да се распадне, може да биде тешка за занемарување.

Ако за време на имигрантската криза Шенгенот се распадне, тоа ќе испрати катастрофален сигнал на пазарите: Европскиот проект ќе се смета како реално реверзибилен, вели Волфанго Пико, управен директор во „Teneo Intelligence“ во Лондон.

"Никој не може да ги обвинува инвеститорите, ако на овој начин тие одеднаш почнат да ја прават ревалоризацијата на сигурноста на ветувањата дадени од европските институции за време на кризата во еврозоната", додава тој. ЕУ вели дека секоја година Европејците имаат 1,25 милијарди патувања во Шенген зоната, која опфаќа 26 земји од Баренцовото Море до источниот Медитеран. Тоа ги вклучува и земјите како Исланд и Норвешка, кои не се дел од ЕУ.

Потпишана во 1985 година, Шенгенската зона влегува во сила 10 години подоцна. Во нормални времиња тоа значи дека патниците во рамките на блокот не поминуваат гранични проверки, а надворешните граѓани со виза за една од земјите можат да патуваат во ЕУ без ограничувања.

Денес, меѓутоа, не се нормални времиња и сега системот на слободно движење низ континентот се гуши. Во 2015 година пристигнатите луѓе кои бегаат од војни и прогони во Азија, Африка и Блискиот Исток, надминува 1 милион лица, што предизвика политички тензии и јавна дебата за тоа како и каде да бидат сместени новодојденците.

Одлуката на Данска да наметне привремена контрола изгледа, според ЕУ, ги почитува правилата на Шенген кои дозволуваат вакви ограничувања во итни ситуации. Ова сепак не е прва ваква. Потегот дојде само неколку часа откако Шведска почна систематски проверки на документите на своите граници, а Германија беше принудена да наметне слични мерки во септември на границата со Австрија.

Унгарија изгради ограда по должината на границата со Србија и Хрватска минатата година.

Ставањето на Шенгенот под прашање потенцијално ги отстранува еден од начините на кои Европа се обидува да ги искористи најдобро од мешавина на економски и културни системи, тврди Марк Оствалд, аналитичар во !ADM Investor Services International“ во Лондон.

"Слободата на движење, особено трудовата, што во принцип е идејата на Шенген, е важна, најмногу поради потенцијалот за максимизирање на придобивките од најталентираните луѓе на Европа", вели тој.

Некои економисти без проблем прават проценки на економското влијание од огромниот број пристигнати бегалци во оваа фаза, а камоли на можните резултати од заканата против слободното движење.

"Ерозијата на Шенген ја прави трудовата мобилност многу тешка", вели Дане Дејвис, аналитичар на Wall Street и коавтор на материјал од 2014 година за трговските бенефиции од договорот. Во него Дејвис тврди дека нето зголемувањето на мигранти од една во друга земја само со 1% годишно може да ја прошири трговијата со иста големина. Членството во Шенгенот носи билатерален трговски поттик од 0,1% годишно, пишува тој.

Ако Шенгенот се сруши како целина, некои од овие бенефиции може да исчезнат, вели тој. "По десет години трговијата ќе биде природно поголема од сега, но без Шенген можеби ќе е послаба од можната", додава експертот.

Иако економската доверба во еврозоната, мерено од Европската комисија, е на највисоко ниво од над 4 години, инвеститорите го намалија оптимизмот за иднината во 2015 година, кога прво војната во Украина, потоа Грчката криза, а конечно бумот на миграцијата ja зголемија несигурноста.

Кога инвеститорите се колебливи, тогаш и економијата на крајот страда, вели Јел Селфин, шеф на макроекономскиот оддел во KPMG во Лонг. Бруто формирањето на капитал во еврозоната останува без промена во третиот квартал на 2015 година.

"Ќе има многу движења напред-назад во однос на договорите, како тоа дефинитивно не е охрабрувачки и покажува дека веројатно ќе видиме уште ограничувања на границите", вели таа. "Клучната работа е тоа што може да го забави бизнисот на меѓународно ниво".

Во еврозоната, каде што сите земји освен Кипар и Ирска припаѓаат на Шенген, производството се проширило со 0,3% во третиот квартал, продолжувајќи ја обновата, поддржана претежно од потрошувачката и државните трошоци. Губењето на инерција ќе го насочи вниманието кон Европската централна банка (ЕЦБ) и потенцијално - кон потребата од уште стимуланси.

Предвид фактот дека економските последици се уште се главно непроценливи, дебатата околу Шенген може да остане во сферата на политиката во наредните месеци. Има, меѓутоа, еден тенок момент. Додека Велика Британија се насочува кон референдум за своето место во ЕУ, распаѓање на Шенгенскиот договор ќе ги замати водите, тврди Питер Диксон, економист во „Commerzbank“.

"Во случај на малку веројатното распаѓање на договорот, приврзаниците на Brexit може да кажат" ви рековме "и да го користат како адут во кампањата", вели тој.

"Од друга страна, сепак можеби ќе повлече одреден дел од притисокот врз Дејвид Камерон. Може да кажете дека крајот на Шенген може да ги насочи некои од клучните европски земји кон бараниот став за имиграцијата од Велика Британија", дополнува Диксон.

Обработи: И.Р.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени