05 Декември, 2025
0.0389

Гранит го зголеми профитот за прв квартал со намалени приходи од продажба!

Објавено во: Анализа 02 Јуни, 2014 08:51

Добивај вести на Viber

Акцијата на „Гранит“ за овој квартал носи принос од 8,7 денари што е 2 отсто од последната пазарна цена на таа акција. Неговиот квартален профит е само 3,2 отсто од приходот од продажба Најголемата македонска градежна компанија „Гранит“ за првите три месеци годинава успеала да ја зголеми добивката за 15 отсто иако при тоа ги намалила оперативните приходи за 10 отсто во споредба со податоците за истиот период лани, покажува кварталниот консолидиран неревидиран биланс на успех на компанијата. „Гранит“ за првите три месеци прокнижил вкупни оперативни приходи од 925,86 милиони денари (над 15 милиони евра) што е помалку за 103,6 милиони денари од истиот период лани. Приходите од продажба на „Гранит“ за првиот кавртал изнесуваат 837,4 милиони денари и во споредба со ланските се пониски за 102 милиони денари односно 11 отсто. Очекувано огромен дел од сите приходи од продажба се реализирани од домашниот пазар и нивниот износ е 768,7 милиони денари. Во истиот период лани тие биле 10 отсто повисоки и изнесувале 84 милиони денари повеќе. Приходите направени во странство на „Гранит“ изнесуваат 68,65 милиони денари, а во споредба со лани бележат пад за 21 отсто. Растот на добивката на „Гранит“ во вакви услови на намалени приходи се резултат на на намалените расходи на компанијата. Споредбата на најважните расходни ставки за првиот квартал годинава и првото тромесечје лани покажува дека единствено и најзначајно кратење на трошоците има кај ставката „услуги со карактер на материјални трошоци“ каде е направена заштеда од 170,5 милиони денари (над 2,7 милиони евра) во споредба со истиот период лани. Таа ставка за првите три месеци изнесува 328 милиони денари, а од ланската е пониска за 33 отсто. Во истиот период и покрај намалениот приходи од продажба што укажува на помал обем на работа, „Гранит“ ги зголемил безмалку двојно од лани трошоците за набавка на суровини и други материјали. Тие за првиот квартал изнесуваат 206,6 милиони денари, а лани биле 105,2 милиони денари. Уште еден показател што води на заклучок дека „Гранит“ не го постигнал ланскиот обем на работа е фактот дека трошокот за вработените е безмалку 147 милиони денари и бележи минимален раст од 3 отсто во споредба со ланскиот трошок кога пак приходите од продажба на „Гранит“ биле за 102 милиони денари повисоки од тие остварени во првите три месеци годинава. Процентуални значајни, но сумарно мали, намалувања на расходите во овој период „Гранит“ бележи и кај ставката „останати расходи“ како и кај ставката „набавна вредност на продадени материјали, ситен инвентар, амбалажа и автогуми“. Добивката на „Гранит“ за овој квартал изнесува 26,8 милиони денари и е за 15 отсто повисока од истиот период лани. Таа изнесува 3,2 отсто од приходите од продажба на оваа компанија за истиот период. Добивката по акција за првиот квартал изнесува 8,7 денари што во споредба со последната пазарна цена на берза на таа акција е принос од 2 отсто. Гранит има 3,071 милиони акции со право на глас. Најголеми акционери се децата на долгогодишниот генерален директор Страшо Милковски: Ивана Милковска-Симева со 8,4 отсто од акциите со право на глас и Зоран Милковски со 8,23 отсто од акциите. Трет по големина акционер е странскиот инвестициски фонд Eastinvestor LTD со 5,04 отсто од акциите. „Гранит“ е доминантно домашно поседувана јавна компанија зашто, според официјалните податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност, таму акции имаат 4.894 домашни физички лица кои поседуваат 69,16 отсто од акциите. Домашни 83 фирми поседуваат 16,1 отсто од акциите. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени