08 Јули, 2024
0.0302

„Гранит“ изгуби 47 милиони евра промет дома, долгот на „Бетон“ кон добавувачи порасна за 6 милиони евра

Објавено во: Економија 21 Април, 2015

Добивај вести на Viber

И двете компании ги зголемиле своите долгови кон добавувачите, а истовремено ги намалиле (отпишале или наплатиме) нивните побарувања од нивните партнери   Најголемата македонска градежна компанија „Гранит“ лани изгуби 2,9 милијарди денари од прометот во споредба со 2013 година на домашниот градежен пазар. Втората најголема градежна домашна компанија „Бетон“ лани при речиси идентични приходи од продажба успеала да ја зголеми добивката за 37 отсто, но ги зголеми обврските спрема добавувачите за 6 милиони евра и трошокот за услуги кон партнерите за речиси 8 милиони евра, покажуваат финансиските извештаи на двете македонски најголеми градежни компании. Двете компании лани на домашниот градежен пазар оствариле приходи од 6,92 милијарди денари односно 112,5 милиони евра. Според неформални и неофицијални проценки, во недостиг на официјални податоци, овие две градежни компании лани реализирале над 60 отсто од целата новосоздадена градежна вредност на домашниот градежен пазар. Загубата на позицијата на домашниот пазар „Гранит“ лани ја компензирал делумно со зголемувањето на своето присуство на странски пазари. Неговата приходна позиција од странство лани изнесувала над 1,4 милијарди денари и тоа е за 11 пати повеќе од неговите приходи од странство во 2013 година. Познавачите на состојбите проценуваат дека кратењето на приходите на „Гранит“ на домашен пазар во голема мерка се должи на тоа што привршуваат започнати големи работи на мега проектот „Скопје 2014“, а истовремено немаше нови работи во таа мерка и обем. Токму заради тоа „Гранит“ успеа да супституира дел од губењето на пазарот со новата работа што ја доби надвор од земјава. Солиден дел од градежната оператива на „Гранит“ е ангажирана на изградба на патишта во Република Српска каде компанија доби работа на тендер од тамошната влада. Наспроти „Гранит“, „Бетон“ воопшто нема осцилација во прометот лани во однос на 2013 година. Со истите приходи компанијата ја зголемила добивката за 37 отсто и таа достигна 69,6 милиони денари. „Гранит“ во истото време бележи пад на добивката од речиси 130 милиони денари. Профитот на „Гранит“ лани е 231 милиони денари и бележи пад од 36 отсто. На расходната страна „Гранит“ лани бележи значајни кратења што укажува на намалениот обем на работа на компанијата. Трошокот за суровини лани бил 1,266 милијарди денари и е понизок за 10 милиони евра односно 620 милиони денари. Кај трошокот за услуги со карактер на материјални трошоци износот лани бил 1,48 милијарди денари и е понизок за 923,4 милиони денари односно околу 15 милиони евра. Во делот на обврските компанијата бележи раст на долгот спрема кредиторите на 4,31 милијарди денари што е за 217,7 милиони денари повеќе од евиденцијата на крајот на 2013 година. Истовремено „Гранит“ ги спуштил своите побарувања од 5,05 милијарди денари на ниво од 3,5 милијарди денари. Кај „Бетон“ на расходната страна состојбата е многу поразлична од „Гранит“. И „Бетон“ ги скратил значајно своите трошоци за суровини за 315 милиони денари до ниво од 502,1 милиони денари. Но од другат страна значајно пораснале неговите трошоци кон партнерите и тоа за речиси 500 милиони денари до ниво од 1,81 милијарди денари. Во билансот на состојба трендот и кај „Бетон“ е како кај „Гранит“. Обврските на „Бетон“ кон добавувачите растат, а се намалуваат неговите побарувања од купувачите. Лани „Бетон“ должел 1,46 милијарди денари на неговите деловни партнери што е околу 360 милиони денари повеќе од 2013 година. На другата страна побарувањата на „Бетон“ се намалиле за 110 милиони денари до ниво од 1,54 милијарди денари. beton granit

Можеби ќе ве интересира

ИНФЛАЦИЈАТА НАДМИНУВА ТРИ ПРОЦЕНТИ - растат цените во повеќе категории, еве каде најмногу

ИНФЛАЦИЈАТА НАДМИНУВА ТРИ ПРОЦЕНТИ - растат цените во повеќе категории, еве каде најмногу

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ИМ НУДАТ НА РАБОТНИЦИТЕ ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Приближно 11 отсто од нив се одлучиле на ваков чекор

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ИМ НУДАТ НА РАБОТНИЦИТЕ ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Приближно 11 отсто од нив се одлучиле на ваков чекор

ФРАНЦИЈА СТАРТУВА СО ИСКОПУВАЊЕ ЛИТИУМ: ќе се отвори рудник, итно усвоен проект од „национално значење“

ФРАНЦИЈА СТАРТУВА СО ИСКОПУВАЊЕ ЛИТИУМ: ќе се отвори рудник, итно усвоен проект од „национално значење“

На кого ќе му се качи шеќерот? Што „Европа“ ќе купува од „Фершпед“ за 4,7 милиони евра?

На кого ќе му се качи шеќерот? Што „Европа“ ќе купува од „Фершпед“ за 4,7 милиони евра?

ЗАДОЛЖЕНАТА ДРЖАВА ОБЕШТЕТУВА ФИРМИ: „Каргомакс“ доби 1,8 милиони евра

ЗАДОЛЖЕНАТА ДРЖАВА ОБЕШТЕТУВА ФИРМИ: „Каргомакс“ доби 1,8 милиони евра

ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА НАФТАТА ЗАВИСАТ ОД НЕКОЛКУ ЛУЃЕ И ТОА НЕ СЕ БАЈДЕН И ТРАМП: Еве кои се тие

ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА НАФТАТА ЗАВИСАТ ОД НЕКОЛКУ ЛУЃЕ И ТОА НЕ СЕ БАЈДЕН И ТРАМП: Еве кои се тие

СИТЕ КОИ ПРИМААТ НАДОМЕСТ ОД 563 ЕВРА МЕСЕЧНО МОРА ДА СЕ ПОДГОТВАТ НА ПРОМЕНА: Германската власт воведува низа строги правила и финансиски санкции

СИТЕ КОИ ПРИМААТ НАДОМЕСТ ОД 563 ЕВРА МЕСЕЧНО МОРА ДА СЕ ПОДГОТВАТ НА ПРОМЕНА: Германската власт воведува низа строги правила и финансиски санкции

МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ ОБЈАВИ ДЕКА НА ПАЗАРОТ НА МОБИЛНА ТЕЛЕФОНИЈА ПОСТОИ ДУОПОЛ И КАЖА ВАЖНА ВЕСТ - се размислува за доделување лиценца за трет мобилен оператор

МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ ОБЈАВИ ДЕКА НА ПАЗАРОТ НА МОБИЛНА ТЕЛЕФОНИЈА ПОСТОИ ДУОПОЛ И КАЖА ВАЖНА ВЕСТ - се размислува за доделување лиценца за трет мобилен оператор

КАКО ДА ОСТАВИТЕ РАБОТА СО ШЕСТОЦИФРЕНА ПЛАТА - откриваат поранешни вработени во технолошки компании

КАКО ДА ОСТАВИТЕ РАБОТА СО ШЕСТОЦИФРЕНА ПЛАТА - откриваат поранешни вработени во технолошки компании