Добивај вести на Viber
Потпишан е договорот за изградба на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во општина Аеродром. Ќе го гради градежната компанија „Гранит“, а со него се предвидува изградба на гаражи, мала сала, хотел и резервоари. Како што стои во соопштението од Македонска берза, вредноста на договорот изнесува 153.311.373 денари(околу 2,5 милиони евра). Градежните работи треба да траат седум месеци.
Во најавите кои беа дадени за време на поставувањето
камен темелник пред два месеци, беше посочено дека новиот спортски центар ќе содржи две спортски сали од кои едната со капацитет од 5.360 гледачи и помошна со околу 1.000 места. Во рамки на комплексот ќе има и хотел со над 60 соби, базен, спа и модерен фитнес центар, како и многу други придружни содржини.
Старата сала попозната како Салата на МЗТ, беше експресно срушена непосредно пред последните локални избори.