05 Декември, 2025
0.0513

Груевски ќе сече црвена лента на патот за Сончев град

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2013 12:19

Добивај вести на Viber

Во Сопиште градежната машинерија на Гранит засилено работи на изградба на патот за Сончев град. За еден час се очекува да пристигне и премиерoт Груевски со владина делагација за да го означат старот на работата и да се пресечат црвените ленити.

Работниците со багерите и камионите ја копаат трасата каде ќе биде патот што Сончев град и ќе го спои со централното градско подрачје. Почетокот на работите старуваше од населбата Сопиште. Локацијата е означена со црвена лента, поставени се и табли за забранет пристап, како и монтажни објекти за чуварите кои ќе ги обезбедуваат машините и опремата со кои ќе се работи. Дека на терен стартуваат градежните активности потврдува и градоначалникот на Сопиште, Стефче Трпковски.

„Патот за Сончев град откако се позиционира ќе почне со изградба. Гранит носи градежни машини. Во соработка со министерството за транспорт и врски, ЈП Водовод, ЕВН-Македонија и општина Сопиште се подготвуваат и другите проекти поврзани со проектот Сончев град“, вели Трпковски за Фактор.

Градежната компанија Гранит, пред три месеци склучи додоговор со Јавното претпријатие за државни патишта за изградба на патот за Сончев град. Договорот е вреден 6,7 милиони евра. Според договорот што тогаш Гранит го објави, патот треба да биде завршен во рок од 18 месеци, односно изградбата терба да биде финализирана во септември 2014 година.

Според првично планираниот проект, новиот патен правец до Сончев Град треба да биде во должина од 2,5 километри. Патот треба да биде изграден со коловозна конструкција од две ленти со ширина од по 3 метри.

Изградбата на регионалниот пат, со кој населбата Сончев град треба да добие дирекна врска со метрополата, е обврска на државата, додека пак населбата ја гради турската компанија Џеваир Холдинг, која ги гради висококатниците во Аеродром.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите