Границата помеѓу Србија и Хрватска е целосно блокирана
Објавено во: Балкан 24 Септември, 2015 09:35
Србија го забрани влезот на нејзина територија на тешки товарни возила со хрватска регистрација и кои превезуваат хрватски производи.
Ова е одговор на Белград за мерките на Хрватска, која ги затвори своите гранични за премини за тешки камиони, кои доаѓаат од Србија.
Хрватска со таа одлука вршеше обид за притисок врз Србија и пренасочување на бегалскиот бран оттаму кон Унгарија и Романија. Околу 44 000 мигранти, кои избегаа од војната и сиромаштијата во своите земји во Блискиот Исток и Африка, влегле во Хрватска и во Србија за една недела. Србија објави дека планира да преземе соодветни мерки и упати ултиматум на Хрватска, кој истече во 22.00 часот по централноевропско време.
„Од полноќ ниедно тешко товарно возило со хрватска регистрација и ниту едно превозно средство со хрватски производи нема да може да влезе на територијата на Србија“, изјавил српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ во директно вклучување на националната телевизија од граничниот премин Батровци-Бајаково.
Тој прецизирал дека забраната важи за сите гранични премини на Србија, бидејќи земјата е изложена на „економска агресија“ и „треба, оттука натаму да ги брани своите интереси“. Министерот го осудил „неодговорното однесување“ на хрватските власти.
Минатата недела Хрватска затвори седум од своите осум гранични премини, во обид да го намали протокот на мигранти. Тешките камиони требаше да заобиколуваат преку Босна, за да влезат или излезат од Хрватска. Хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ тоа го опиша како „смешно“ за српските мерки и предупреди за ескалација помеѓу двете држави.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




