29 Септември, 2024
0.0230

Гранкови синдикати на ССМ со решенија за репрезентативност

Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Девет гранкови синдикати при Сојузот на синдикатите на Македонија добија решенија за репрезентативност согласно измените на Законот за работни односи.

Со репрезентативност се стекнаа Синдикатот за угостителство и туризам, Македонскиот полициски синдикат, Синдикатот за енергетика и стопанство, Синдикатот за одбрана и безбедност, Синдикатот од агро-индустрискиот комплекс, Синдикатот за градежништвото, Синдикатот од текстилната, кожарската и чевларската индустрија, Синдикатот од шумарството и Синдикатот за здравство.

Според претседателот на гранковиот синдикат за градежништво, Павел Трендафилов станува збор за значаен документ со кои синдикатот се легитимира како релевантен социјален партнер и се отвара простор за колективно договарање со работодавачите.

За Синдикатот на текстилната, кожарската и чевларската индустрија, со решението за репрезентативност се овозможува потпишување на колективни договори со кои ќе се регулираат правата на работниците.

- На Синдикатот за кожа, чевли и текстил им се овозможува постојано да потпишуваат колективни договори во кои ќе ги доуредуваат правата од работен однос и со тоа ќе се овозможуваат одредени права кои треба да се испочитуваат, изјави Анѓелко Ангелковски.

Со измените на Законот за работни односи репрезентативноста на синдикатите се утврдува на секои три години. За репрезентативни се сметаат оние синдикати во кои членуваат 20 проценти од бројот на вработените во тој сектор.

Можеби ќе ве интересира

Доживеј ја трансформацијата на природата во есента на најдобар можен начин, во најубавото можно место во Македонија

Доживеј ја трансформацијата на природата во есента на најдобар можен начин, во најубавото можно место во Македонија

ГРИН МАШИНС на БРАКО доби златен медал на Меѓународниот технички саем во Пловдив

ГРИН МАШИНС на БРАКО доби златен медал на Меѓународниот технички саем во Пловдив

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски

Вина „Монтеко“ – ризница од вкусови со уникатен печат

Вина „Монтеко“ – ризница од вкусови со уникатен печат

ПроКредит Банка и ЕБОР со нова кредитна линија во вредност од 4 мил евра за зелени инвестиции во домаќинствата

ПроКредит Банка и ЕБОР со нова кредитна линија во вредност од 4 мил евра за зелени инвестиции во домаќинствата

ДА ГО ОБОИМЕ СВЕТОТ ВО БОЈАТА НА ВРАНЕЦ: По шести пат се одбележува Светскиот ден на вранецот

ДА ГО ОБОИМЕ СВЕТОТ ВО БОЈАТА НА ВРАНЕЦ: По шести пат се одбележува Светскиот ден на вранецот

Серијата Galaxy S24 се проширува со S24 FE: Врвно искуство кое ги прави сите функции на Galaxy AI достапни за повеќе корисници

Серијата Galaxy S24 се проширува со S24 FE: Врвно искуство кое ги прави сите функции на Galaxy AI достапни за повеќе корисници

Третата годишна конференција „Ingram & Vendors Networking #3“ ги постави темелите на најновите стандарди во ИТ индустријата

Третата годишна конференција „Ingram & Vendors Networking #3“ ги постави темелите на најновите стандарди во ИТ индустријата