ГРАТИС НОЌЕВАЊЕ ВО ХОТЕЛИ: Италијанците во потрага по туристи
Објавено во: Свет, Корона Вирус 23 Јуни, 2020
За да привлечат гости, Италијанците нудат бесплатно сместување.
53 хотели во Италија нудат бесплатно ноќевање.
Туристите кои ќе резервираат четири ноќи во еден од овие хотели во Палермо, а до таму пристигнат со авион ќе платат само три, а едното ноќевање ќе биде гратис.
Оваа мерка е со цел промоција на туризмот. Сѐ повеќе хотели се заинтересирани за иницијативата на локалното Здружение на хотелиери. На иницијативата се приклучи и аеродромот во Палермо и ќе трае во текот на целата 2020 година.
Италија од 3 овој месец по скоро три месеци блокада ги отвори границите за пристигнување на туристи од земјите на ЕУ и Шенген, а Европската унија ќе може да ги отвори надворешните граници за државите од Западен Балкан на почетокот на јули.
Сите земји кои живеат во туризам, се трудат да ги ублажат последиците од пандемијата.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.