Добивај вести на Viber
Грчката Влада повтори дека планот договорен со еврогрупата во ноември се уште е на сила, отфрлајки го сценариото за финансирање на буџетскиот дефицит со ново отпишување на долговите наредната година.
-Не постои план Б, се е договорено со еврогрупата“, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас во интервјуто за медиумите.
-Она што сега се обидуваме е наредната година да оствариме примарен суфицит, да ги извршиме структурните реформи и да се вратиме на позитивниот економски раст. Доколку го постигнеме тоа, остатокот од нашите проблеми ќе биде решен“, наведе министерот, додавајќи дека грчките финансиски потреби се покриени до август 2014 година и дека Грција не е загрижена од исходот на германските избори кои ќе бидат одржани наредниот месец.
-Понатамошното штедење не е решение за проблемот. Ние работиме на тоа да го комбинираме континуираното фискално прилагодување со враќање на патот на растот“, додаде тој.
Стурнарас вели дека финансиските пазари позитивно реагираат на фактот дека Грција го намали структурниот дефицит за 13 проценти од 2009 година, на 1,5 проценти минатата година.
Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека буџетските приходи во јули изнесувале 4,76 милијарди евра, 14,3 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.