ГРЧКАТА ОПОЗИЦИЈА СО УЛТИМАТУМ: Или увид во македонскиот устав или ...
Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2019 06:45
На седницата за безбедност и надворешна политика во грчкиот парламент беше продолжена дебатата за Договорот од Преспа во текот на кој грчката опозиција побарала увид во текстот за промена на македонскиот Устав.
Јоргос Кумуцакос од редовите на Нова Демократија барал увид во македонскиот Устав, како и во текстот на оставката на доскорешниот министер за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас.
Кумуцакос рекол дека седницата на одборот не може да продолжи без увид во содржината на текстот на македонскиот Устав, но и без да се земе предвид што пишува во оставката на Коѕијас, во која екс министерот ги објаснува причините за неговото повлекување.
Претставени од грчкото Министерство за надворешни работи и пратеник од владеачката СИРИЗА објаснил дека новите амандмани не стануваат директно дел од Уставот, туку се додаваат на крајот од уставниот текст и дека се наведени во Вербална нота со која македонското МНР ја извести Грција дека процесот на уставна ревизија е завршен.
Претходно пратеник од ултрадесничарската Златна зора Илиас Касидиарис реагирал затоа што не е доставен целиот текст на Македонија и нагласил дека за неговата партија цениот процес е нелегален, бидејќи нема потпис на македонскиот премиер Ѓорге Иванов.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Казните од „Безбеден град“ официјално ќе почнат од 1 февруари
Наташа Крстевска-Цалева стана в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје
Туфегчиќ: Од 15 обвинители, најмалку 5 не се согласуваат со вакво обвинение за „Пулс“
Шеесет и три јавори се засадени во Кочани во чест на загинатите во „Пулс“
Општина Аеродром за Зимзоленд: Земјиштето на кое е поставена манифестацијата е во приватна сопственост
„ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ НАПЛАЌАЛЕ УСЛУГИ ОД ПАЦИЕНТИТЕ КОИ НЕ СМЕЕЛЕ“: Клековски по контролите во Итна помош и Домашна посета
ЦУК: Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено
СКЛАДИРАЛ ОТПАД ВО ДВОРОТ И ПЛАЌАЛ ЗА ДА МУ СОБИРААТ - Седум лица од Струмица добија кривична пријава за загрозување на животната средина
Уапсен референт од Прилепската болница, проневерил 250.000 евра уплати од граѓани




