Грчката полиција со отров врз демонстрантите
Објавено во: Балкан 24 Декември, 2012 11:19
Претседателот на Здружението на лекари на Атина Јоргос Патулис, во разговор со новинар од агенцијата Анадолија, изјавил дека хемикалиите кои се наоѓаат во солзавецот што го употребила полицијата можат да предизвикаат сериозни последици по здравјето на луѓето.
Патулис за време на протестите работел како волонтер, и во ситуации кога биле употребени хемикалиите, им помагал на луѓето кои имале респираторни проблеми. Тој додаде дека во државни лаборатории се тестирани примероци од гас бомбите кои биле употребени на протестите, и откриено е дека содржат отро-клоробенилидин-малононитриле (ЦС). Според него, овие хемикалии предизвикуваат сериозни здравствени проблеми, од респираторни болести до рак.
- Откако откривме ЦС во примероците што ги тестиравме, утврдивме дека тие можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Солзавецот предизвикува отежнато дишење и печење на очите, и секако дека може да ги доведе луѓето во животна опасност ако го вдишат. ЦС содржи и канцерогени материи и може да предизвика големи здравствени проблеми, меѓу кои и рак, изјави Патулис.
Тој ја повика грчката Влада да „не ги користи овие хемикалии затоа што предизвикуваат долгорочни проблеми со дишењето, воспаление на очите, и болести на кожата“ и предложи да се употребуваат водени топови или други недеструктивни техники, како што се прави во многу европски земји.
Патулис соопшти дека од министерот за јавна безбедност и заштита на граѓаните Никос Дендиас добил позитивен одговор, и оти министерот ветил дека овие хемикалии повеќе нема да се купуваат за да се користат на протестите, „но ќе се користи вода под висок притисок и боја“.
- На последните протести користеа вода под висок притисок, но и хемикалии. Се надеваме дека Владата ќе донесе одлука за забрана на користење на овие хемикалии, изјави Патулис.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени





