Грчката полиција со солзавец ги растера демонстрантите
Објавено во: Балкан 20 Февруари, 2013 15:48
Грчката полиција денеска употреби солзавец за да ги растури демонстрантите во Атина во моментот кога илјадници работници отидоа до парламентот за да протестираат против строгите мерки за штедење, пренесе БТА.
Силите за борба со безредијата истрелаа неколку гранати со солзавец за време на малите судири со младите, кои ги гаѓаа со камења и шишиња.
Десетици илјади демонстранти се слеаја по улиците на грчката престолнина за да протестираат против применетите владини мерки за штедење, пренесоа агенциите.
Двата главни синдиката во земјата, Генералната конфедерација на трудот ГСЕЕ и Федерацијата на државни службеници АДЕДИ денеска свикаа генерален штрајк, прв во оваа година.
Според податоци на полицијата, во два одделни митинга во центарот на Атина учествуваат околу 40.000 лица. Засега демонстрациите се мирни.
Околу 25.000 лица учествуваат во демонстрациите кај зградата на парламентот со паролите „Не сакаме да стануваме слуги во текот на 21. век“.
Пред тоа, други 15.000 членови на синдикатот, близок до Грчката комунистичка партија, го минаа истиот пат на мирен протест.
Мирен протест имаше и во Солун, каде се собраа околу 17.000 лица.
-Ние протестираме заради намалувањеето на пензиите, воведувањето на вонредни даноци и високата цена на животот, изјави пензионерот Кириакос Анастасиадис.
Синдикатите бараат обновување на колективните работни договори, место индивидуалните договори кои на работодавачите им овозможуваат да ја утврдуваат висината на платите.
Тие бараат владата да го поддржи пазарот на трудот што во моментов се распаѓа, бидејќи од 2010 година секој ден се губат околу илјада работни места.
-Владата сака уште да ги намали нашите плати и да ги уништи синдикатите, рече синдикалецот Василис Епикаритис, кој е авиоинженер.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





