07 Октомври, 2024
0.0242

Грчката централна банка предупреди за опасноста од „Grexit“

Објавено во: Балкан, Економија 17 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Евентуален неуспех на грчките лидери и кредиторите на земјата да постигнат спасителен договор би довело до излез на земјата од еврозоната, па дури и од ЕУ, соопштува грчката централна банка.

Во изјавата за монетарната политика во периодот 2014-2015 година банката вели: „Постигнување на нов договор со нашите партнери е од најголемо значење за надминување на непосредните закани за економијата“.

„Спротивно, еден неуспех во постигнувањето на договор би го истакнал почетокот на болен курс, кој ќе доведе првично до грчки банкрот, а конечно и до излегување на земјата од еврозоната, а најверојатно и од Европската унија“, се додава во соопштението.

Според банката при такво сценарио сегашната, уште контролирана криза би довела преку ефектот на снежни топки до една неконтрорлирана криза со „огромни последици за банкарскиот сектор и финансискиот систем“. Затоа централната банка апелираше преговарачките партнери да најдат брзо решение. „Од најголемиот приоритет е да се намалат непосредни ризици за економијата“.

Во меѓувреме финансискиот печат во земјата, предупредува дека даночните приходи во Грција заостануваат во првите пет месеци од годината со околу 1,7 милијарди евра од очекувањата. Според државното радио причината за ова лежи во фактот дека практично целата економија веќе не се движи.

Покрај тоа, многу граѓани едноставно ги испуштаат роковите за плаќање на даноците. Наместо тоа, тие се обидуваат да ги платат даноците подоцна на рати. Покрај тоа, приходите од ДДВ-то се драстично намалени, бидејќи многу граѓани се ограничуваат со своите трошоци што е можно повеќе.

Според официјалните податоци драматична е ситуацијата кај некои државни претпријатија, како електричното друштво „DEI“. Неговите клиенти му должат речиси 2 милијарди евра. Многу Грци не можеле да си ги платат и комуналните сметки, бидејќи се невработени.

Последниот засега круг преговори е пропаднат во текот на викендот, откако ЕК уште еднаш ги отфрли предложените од страна на владата на „СИРИЗА“ реформи. Кредиторите објавија дека Атина не успеала да понуди ништо квалитативно ново. Европската комисија соопшти дека во текот на преговорите е извесен напредок, но предлозите на Грција сеуште суштинско се разминуваат со барањата на кредиторите за годишните заштеди во буџетот во износ од 2 милијарди евра, или околу 0,5-1 проценти од бруто домашниот производ (БДП). Истовремено Брисел објави дека министрите за финансии на еврозоната ќе се занимаваат со проблемите на својата средба во четвртокот, а тоа ќе е „последен обид за постигнување на договор“.

Од 2010 година, кога почна должничката криза во Грција, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд се предвидени на Атина речиси 250 милијарди евра кредити, кои таа треба постепено да ги враќа. Иако делумното отпишување на долгот на Грција во 2012 година за нејзините обврски во моментов надминуваат 315 милијарди евра, што претставува 175 отсто од БДП. Тоа е три пати повеќе од границата дозволена од нивото на државен долг за земјите од еврозоната, што според Пактот за стабилност е со раст од 60 отсто од БДП.

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути