Грчката влада е подготвена за договор со кредиторите до 18 август
Објавено во: Балкан 04 Август, 2015 10:53
Грчката влада е подготвена за договор со кредиторите до 18 август. Тоа го изјавила официјалната портпаролка на кабинетот Олга Геровасили и додала дека „има луѓе во и надвор од земјата, кои не сакаат договор со кредиторите“.
Подготвени сме за договор до 18 август, изјавила за телевизијата „Скај“ портпаролката, нагласувајќи дека грчката влада е подготвена да направи се што е потребно, па до 18 август во парламентот да биде доставен текстот на новиот договор.
Олга Геровасили сепак, истакнала дека услов за постигнување на решение е партнерите да ги почитуваат постигнатите договори, велејќи дека искуството покажало дека колку поблиску двете земји се до договор, толку повеќе расте притисокот.
Во Европа се уште има силни финансиски интереси кои во партнерство со локалните кругови сакаат Грција да излезе од еврозоната и Европската унија, изјавила таа.
Има луѓе внатре и надвор од земјата, кои не сакаат договор, зборувам за моќни кругови кои сакаат да ја видат земјата надвор од ЕУ од финансиски причини, прецизира грчката портпаролка, споменувајќи за „лобисти, кои се залагаат за враќање на земјата кон драхмата“, претставувајќи „странски интереси, поддржани од локалните кругови“.
Запрашана за веројатноста за избори во Грција под услов владиното мнозинство да падне под 120 пратеници по гласањето на претстојниот договор со кредиторите, портпаролката изјавила дека „избори се можни и дека такви ќе има кога ќе е потребно“.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




