Грчката Влада смета дека Панос Каменос нема да прави проблеми за решение за името?
Објавено во: Балкан 29 Јануари, 2018 17:18
Проценка дека постои приближување на позициите на Владата со дел од грчките партии, а со тоа и дека евентуалниот договор ќе биде изгласан во грчкиот парламент, но и дека Панос Каменос нема да создава проблеми, изрази денеска портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, говорејќи за грчкото радио Real fm.
„Во преговорите доаѓаме со националната позиција, односно сложено име со временска или географска одредница, повлекување на иредентистичките позиции и ставови на соседот. Доколку врз основа на ова се постигне договор, целосно сум сигурен дека нема да имаме само парламентарно мнозинство, туку ќе имаме широко парламентарно мнозинство“- вели Ѕанакопулос.
Тој даде оценка за средбите што грчкиот премиер ги имаше во саботата со лидерите на политичките партии.
„Политичкиот заклучок од средбите на премиерот со политичките лидери е дека се чини дека се создава приближување на позициите на повеќето партии, со исклучок на Сојуз на централисти и господинот Мицотакис“- објасни портпаролот на грчката влада за Real fm.
За односите меѓу премиерот Алексис Ципрас и Панос Каменос, Ѕанакопулос изјави дека „постои добра хемија меѓу нив“ и не се доведува во прашање стабилноста на Владата.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




