Грчкиот капитал влегува во уште еден македонски бизнис, ЕЛТЕК станува сопственик на „Машинокоп“
Објавено во: Економија 08 Јули, 2021 07:52
Хеленик
Експлозивс Технолоџи (ЕЛТЕК), грчка компанија од Гребен, која е најбрзорастечка
во минерството и експлозиви на Балканот, е нов сопственик на „Машинокоп“, една
од најуспените компании во рударството и воопшто во Кавадарци. Актот на превземање на дел од удел е извршен
на 15 јуни.
„Машинокоп“ со добивка од 3,6 милиони евра и приход од 20,1 милиони евра е една од најбрзорастечките компании во нашата земја. Во споредба со една година претходно приходите нараснале за 17 отсто, додека добивката е зголемена за 44 проценти, а сега станува дел од новоформираната „ЕЛТЕК ЕПЕ“ Кавадарци.
Кавадаречката компанија е и позната по тоа што има и еден тендер за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола склучен во 2019 во висина од 5,3 милиони евра. Основна дејност на “Машинокоп” е површинска и подземна експлоатација на минерални суровини, со специјални рударски машини како и градежна механизација. Специјализација на компанијата се минерските работи, промет со експлозивни материи за стопански активности во рударството и градежништвото како и изградба на објекти, техничко испитување и анализа и подигање на згради кои спаѓаат во споредна дејност. Релативно новиот холдинг со 155 вработени, покрај ископ на руда, може да работи и на пробивање, проширување и асфалтирање на патишта, но и на ископ на песок, чакал, камен.
Инаку ЕЛТЕК е најбрзо растечка компанија за трговија и производство на експлозиви на Балканот. Hellenic Explosive Technology (ЕЛТЕК) е основана во 2010 година со седиште во северна Грција, во Гребен. Во своја сопственост има површина од 100 хектари со 14 модерни индустриски капацитети, магацини со вкупен капацитет од 700 тони суровина и 200 тони експлозив и со модерна и сертифициран возен парк.
Според она што го пишува за себе, ЕЛТЕК изградила брзо растечка трговска мрежа да ги задоволи барањата во Грција, Кипар, Албанија, Северна Македонија, Бугарија, Косово, Романија и Србија, додека истовремено бележи стабилно зголемување на продажбата од 25 отсто. Од таму велат дека постојано инвестираат во истражување на нови производи, во развој на современи и побезбедни хемиски состави и рударски процеси.
Експанзијата на превземање на македонските компании со грчки капитал продолжува со забрзано темпо, а растат и нивните инвестициски активности. Минатата недела беше објавено дека грчките газди на Енерџи Деливери Солушнс (ЕДС), компанијата која во земјава ја основаше и ја поседуваше поранешниот вицепремиер, бизнисменот Кочо Анѓушев, вбризгуваат нови 3,7 милиони евра во компанијата во Скопје.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




