18 Декември, 2025
0.0427

Грчкиот пазар се уште нуди добри можности?

Објавено во: Балкан 31 Октомври, 2013 12:22

Добивај вести на Viber

Грчките акции, широко зафрлени од инвеститорите пред неколку години , водат по принос на претставувањето на речиси сите акции во светот. Економијата на земјата почнува да се подобрува по шестгодишна рецесија, што води кон нов бран на купувачи на грчки акции. Од 5 јуни минатата година , кога MSCI Inc . изјави дека може да го преквалификува грчкиот пазар од развиен кон просперитетен, главниот индекс на земјата ASE се зголемил за 146 %. Каматите на 10 - годишните грчки обврзници се намалија до 8.31 %  при ниво од 33,7 % во март 2012 година. Инвестициски фондови и банки , како Paulson & Co . и JPMorgan Chase & Co . , купија акции на грчкиот пазар по искажаниот интерес од страна на други такви - како Renaissance Capital Holdings Ltd . и Templeton Emerging Markets Group . Менаџерот Францеско Конте од JPMorgan , кој пред три години ги извади грчките компании од владејачкиот фонд , вклучувајќи мали европски компании , купи акции во грчки компании, како синџирот на снабдување Jumbo SA ( BELA ) и производителот на накит Folli Follie SA , по успешното преструктурирање на долгот. " Перспективите пред земјата целосно се променија " , коментира Фонте , чиј фонд е со средства во вредност од 2,8 милијарди долари , пренесува Bloomberg . "Грција дури сега почнува да се отарасува од кризата . И бидејќи тие ги ограничиле трошоците до минимално ниво , најверојатно ќе стануваме сведоци на огромни растови во добивката , при позитивен раст на БДП " , додава тој. Земјата планира да го намали буџетскиот дефицит до 2,4 % следната година , во споредба со 9% во 2012 година и врвот од 15,7 % во 2009 година. Владата предвиде раст на БДП од 0,6 % следната година , што би било првото покачување од 2007 година. Приливот на инвестиции кон берзите во Грција се зголемиле со 129 % од почетокот на годината до 28 октомври , во споредба со растот од 15% во средствата насочени кон берзите во Европа . "Само пред девет месеци расположението на пазарот беа - не сакам да пипам ништо во Грција " , коментира Антимос Томополус , потпретседател на Piraeus Bank SA , цитиран од Bloomberg . " Постои свесност дека Грција се враќа и со продолжување на реформите растот може сериозно да се подигне" , додава тој.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен