Грчките банки отвораат во понеделник, од ЕЦБ не се толку сигурни
Објавено во: Балкан 17 Јули, 2015 10:26
Грчките банки се очекува да отворат одново во понеделник (20-ти јули), но при ограничен износ на трансакциите, а во исто време ќе биде зачуван и дневниот лимит за влечење до 60 евра, изјавил синоќа заменик-министерот за финансии, Димитрис Мардас.
Понудените услуги од банките ќе се прошират од понеделник, посочи тој за грчката телевизија „ERT“.
Мардас изјавил дека ограничувањето од 60 евра на ден ќе остане во сила, но владата работи на можноста луѓето да го акумулираат овој лимит за неколку дена.
Во случај дека некој не сака да ги добие своите 60 евра во понеделник и сака да го стори тоа во вторник, тогаш тој ќе може да повлече вкупно 120 евра или пак 180 евра во среда. Овој предлог е во процес на развивање и ние сметаме дека е технички можно, додал тој.
Според него целокупната нормализација на банкарските трансакции ќе биде постепено, но без да се ангажира со конретни рокови.
Од ЕЦБ сепак изразија сомневање во врска со претпоставката на властите во Атина, дека банките во земјата ќе ги отворат во понеделник.
Во денешно интервју за австриското радио „ORF“, членот на „ЕЦБ“ и гувернер на Централната банка на Австрија - Евалд Новотни посочил дека се уште нема договор за отворање на грчките банки во почетокот на следната недела. Ова прашање сè уште не е решено, сè уште треба да се направат некои истражувања, посочил Новотни.
Тој исто така изјавил дека може да потрае шест до осум недели пред новата тригодишна спасувачка програма за Грција за над 80 милијарди евра да биде подготвена да започне.
Шпекулациите дека грчките банки ќе можат да отворат во понеделник по тринеделниот банкарски одмор, кој е во сила од 29-ти јуни, се факт, откако вчера „ЕЦБ“ ја одмрзна итната ликвидна поддршка за банките во земјата, зголемувајки ја висината на програмата „ELA“ за 900 милиони евра до речиси 90 милијарди евра.
По изненадувачката одлука на грчката Влада за спроведување на референдумот на 5-ти јули, на кој беше кажано јасно „не“ на нови строги мерки на штедење, „ЕЦБ“ ја замрзна големината на програмата „ELA“ на ниво од близу 89 милијарди евра и тоа ги принуди властите во Атина да воведат банкарски одмор и контрола врз движењето на капиталот.
Но гласањето во парламентот на Грција е сеопфатен пакет со реформи, баран од европските партнери на земјата во замена за стартување на преговорите за трета среднорочна спасувачка програма за Атина во висина до 86 милијарди евра, даде причина на Европската централна банка да додели дополнителни 900 милиони евра во рок од една недела за да не настане сериозен недостиг на ликвидноста на грчкиот банкарски систем.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




