20 Декември, 2025
0.0657

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ РАСПAЛИЈА по интервјуто на ЗАЕВ за МИА

Објавено во: Македонија 09 Април, 2018 14:47

Добивај вести на Viber

Онлајн изданијата на грчките медиуми во текстот преземен од грчката новинска агенција за интервјуто на македонскиот премиер за МИА излегоа со наслови како: „Заев: Не влегуваме во НАТО, ако не се реши прашањето за името“; „Заев: Средба со Ципрас значи претстојно решение“; „Заев исклучува членство во НАТО без решение на името“; „Заев: Ако се сретнам со Ципрас, значи дека најдовме решение за името“; „Ако слушнете за средба со Ципрас, решението за скопското прашање е веројатно“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчката новинска агенција АНА-МПА, ги пренесува ставовите на премиерот Заев поврзани со разговорите за името, членството на Македонија во НАТО и евентуалната средба со Алекис Ципрас.

АНА-МПА на почетокот на текстот под наслов „Заев: ПЈРМ не може да се интегрира во НАТО, ако не се реши спорот со името“, пишува за тоа дека премиерот „ја исклучи можноста за членство на неговата земја во НАТО, ако претходно не се реши прашањето за името“.

– Зоран Заев оцени дека на последната средба што ја имаа во Виена на 30 март, министрите за надворешни работи на Грција и ПЈРМ, бил направен важен напредок во преговорите за изнаоѓање решение на прашањето за името и оцени дека на новата средба што ќе ја имаат министрите за надворешни работи на двете земји во Охрид, на 12 април, би можело да постојат позитивни разврски што би можеле да доведат и до негова средба со премиерот на Грција, Алексис Ципрас – објави грчката новинска агенција.

Текстот од АНА-МПА, објавен претпладнево, го презедоа речиси сите електронски изданија на грчките медиуми, но без дополнителни анализи или коментари.

извор: МИА

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки