Добивај вести на Viber
Атинската архиепископија и писмено ги извести своите свештеници и црковните офицери дека за време на празникот Велигден нема да добија дополнителна плата.
Архиепископијата уредно информира дека се укинувааат бонус платите за Божиќ како и за годишниот одмор. Така, сите оние на кои црквата им е работодавач, а ги има околу 10.000 во Грција, во иднина ќе имаат само 12 плати наместо 15 колку што досега земаа.
Платите на повисокото и пониското свештенството се даваат од државниот буџет преку епархијата. Како што соопштија од Архиепископијата, секоја митрополија ако имате средства може да го исплати велигденскиот бонус во висина од најмногу една плата.
Грција со години е погодена од тешката економска криза, а економијата веќе шест години е во рецесија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.