19 Декември, 2025
0.0492

Грчките проблеми во пет графикони

Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2015 08:17

Добивај вести на Viber

Непоколебливоста на грчкиот премиер Алексис Ципрас да одолее на фискалните мерки кои доверителите ги бараат од неговата влада, произлегува од катастрофалното влијание на мерките за штедење врз Грција во текот на пет години. Со години невработеноста е на нивоа, карактеристични за Големата депресија, а една четвртина од бруто домашниот производ (БДП) на земјата испари. Сериозноста на загубите при доход и цените на активата, кои Грците ги претрпеа, сведочат за тешкиот пат кој и претстои да го изоди Грција, независно од разврската на тековната ситуација. Ниво на невработеност: gr Просечно расположлив нето приход: gr1 Иако по повеќе од две години на пад на корисничките цени, земјата стана синоним за дефлација, трошоците за живот се намалија само малку. Зголемувањето на данокот на додадена вредност ја одржуваа инфлацијата во Грција на највисоко ниво во еврозоната пред кризата. Буџетските заштеди беа неизбежни во земја во која буџетскиот дефицит се надува до над 15% од БДП. И сепак постои мислење за сфаќањето дека тековниот ќор-сокак можеби е предизвикан од настојувањето на доверителите на Грција за придржување кон фискалните цели за сметка на реформите кои ќе го стимулираат растот. Инфлација: gr2 Со поголемо темпо од падот на грчките финансиски пазари, падот на цените на куќите исто така ја намалија вредноста на основниата класа за средства во сопственост на грчките домаќинства. Индекс на станбените цени: gr3 За долгорочно закрепнување на земјата најголемата загуба можеби е загубата на човечки капитал. Следствено со емиграцијата меѓу 2010 и 2013 година Грција изгуби 4% од населението. Ако истото се случи во САД, тоа ќе биде еднакво на загубата на целото население на градовите Њујорк и Лос Анџелес, земени заедно. Нето миграција: gr4   Обработка: К.К. Извор: Bloomberg

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен